Реклама
Македонија

Мицкоски не се откажува од планот за ставање ред во правосудниот систем: „Ајде да ги смениме, да ги распуштиме!“

На судството му е потребен рестарт – 2% доверба во институциите е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На судството му е потребен рестарт – 2% доверба во институциите е поразително и разочарувчки. Судиите и обвинителите земаат илјадници евра плата од даноците на граѓаните, а граѓаните се чувствуваат обесправени бидејќи корупцијата ја има насекаде, а криминалци стануваат херои и слободни граѓани. Премиерот Христијан Мицкоски смета дека предлогот на Владата, што беше и предизборно ветување, да се распушти Судскиот и Советот за јавни обвинители е треба да се реализира, бидејќи на местото на тие што уживаат 2% доверба, ќе дојдат кадри кои ќе бидат избрани од самите судии и обвинители.

2% доверба во судството. Значи не е добра работата. Имаат плати илјадници евра, а граѓаните се чувствуваат обесправени, дека не владее правдата, криминалци стануваат херои, слободни граѓани, зошто имаат некаква спрега со овие „како до сега“. Јас да имав 2% рејтинг, ќе си заминев од оваа позиција. А тие велат не, ние добри сме, ќе земаме толкави плати, а државата ќе тоне во криминал и корупција. Овие две три недели и на криминалците им станува страв, знаат дека нема веќе „како до сега“. Ајде да смениме. Да ги распуштиме, да го смениме Законот, и на местото од овие со 2% рејтинг, самите обвинители и судии да си изберат свои претставници. Тоа наиде на отпор, кој создава отпор? Тој кој што не му одговара промена. Еве ние толку можеме. Затоа не гласале 600 илјади граѓани, и стоиме позади таа програма. Ние сме спремни да разговараме, нека предложат експертите, порача премиерот Мицкоски.

Поголем дел од амбасадорите беа против овој предлог, па во една прилика премиерот Мицкоски рече дека станало пракса тие да се мешаат во внатрешните работи на земјава. Соединетите Американски Држави се најважниот стратешки партнер на Северна Македонија и нивната цел е да ја поддржат, а не да се мешаат во внатрешните работи на земјата, изјави американската амбасадорка Ангела Агелер во интервју за емисијата „200“ на Алсат.

Реклама

„Нашата намера никогаш не е да се мешаме. Отсекогаш наша намера било да ве поддржиме. Одлуките кои се носат во Судскиот совет, или искрено, во кое било друго тело во рамките на судството, се одлуки само на челниците на оваа земја. Ние не кажуваме кој треба да седне во кој било суд. Ние не кажуваме кој треба да биде член на кој било совет. Дали има широко распространета корупција во судството? – Да. Кога јавната поддршка и доверба во судството е 2 проценти, тоа е разочарувачки“, рече Агелер.

Правосудниот систем последниве години го тресеа низа скандали –политички притисоци за судски одлуки,непотизам, унапредување под политичко влијание без заслуга, обвинители под истрага, судии зад решетки, урнати процеси, криминал кој долго чека да биде гонет, корупција… Многу причини кои ги удавија надежите за независни судии и обвинители.