Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Прилози

Мицкоски не прифаќа „сегашна“ македонска нација: Бугарија останува заложник на политиките на живковизмот и сакаат да создадат вештачка македонска нација

Нема да прифатам „сегашна“ македонска нација, Бугарија останува заложник на политиките на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема да прифатам „сегашна“ македонска нација, Бугарија останува заложник на политиките на живковизмот и сакаат да создадат вештачка македонска нација, порача премиерот Христијан Мицкоски, во пресрет на гласањето на извештајот за напредокот на Македнија во Европскиот Парламент. Изразува жалење што ваквите предлози доаѓаат од сестринската партија на ВМРО-ДПМНЕ, Герб, но вели не е изненаден од овие обиди. Мицкоски потенцираше дека има интензивни разговори со неколку влијателни европратеници и дека ќе ги отфрли и никогаш нема да прифати работи кои немаат никаква врска со европските вредности.

-За жал од страна на некои негови колеги пратеници кои што доаѓаат од за жал нашата сестринска партија ГЕРБ предлагаат пред македонскиот идентитет да стои зборчето „present“, сегашен. Мислам за нас тоа не е нешто кое што е изненадување, изјави Мицкоски.

Според Мицкоски очекувано е она што го прави официјална Софија, бидејќи основ за тоа имаат во она што го прифатила претходната власт на СДСМ и ДУИ. Вели Димитар Ковачевски и Бујар Османи лековерно прифатиле се што им било сервирано на маса со францускиот предлог и со тоа оставиле можност за сегашните барања на Бугарија. 

Реклама

-Кога го прифатија т.н. француски предлог дека некој им дал можност и сега тие нормално тоа го прават, но вистината излегува порано или подоцна. А вистината е таа дека официјална Софија никогаш не се препакува и остана во суштина да биде слеп заложник на политиките на „живковизмот“, тоа е суштината создавање на нова сегашна македонска нација, која што почива на основите на бугарската нација, тоа е суштината позади сето ова. Нема врска неколку стотини наши сограѓани во Преамбулата, тоа е само пред завесата, позади завесата ова е суштината и секој оној кој што не верува или е политички аналфабета или свесно сака да ги манипулира граѓаните, изјави Мицкоски.

Во период кога македонскиот идентет и јазик се оспорувани од Бугарија, извстувачот во Европскиот Парламент, Томас Вајц јасно изрази поддршка, велејќи дека Македонците се Македонци, а македонскиот јазик е македонски. Побара конструктивност и поддршка од европратениците за извештајот за напредокот на земјава, за што се очекува да се расправа оваа недела во Брисел.

Очигледно, изненадена од острата реторика на македонските власти, Бугарија пред неколку дена донесе Декларација во Парламентот со која се повикува Македонија да ги исполни условите прифатени со францускиот предлог пред три години. За владата уставни измени се можни само со одложено дејство, кога ќе добиеме гаранции дека Бугарија веќе нема да го блокира патот до полноправно члество, поради билатерални прашања.

Матеја Петровски