Реклама

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Македонија

Мицкоски: Наша цел е да создадеме механизам кој ќе биде брз, ефикасен и бескомпромисен во борбата против корупцијата

Премиерот Христијан Мицкоски се обрати на Конститутивната седница на Меѓуресорското тело за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски се обрати на Конститутивната седница на Меѓуресорското тело за координација на активностите против корупцијата.

„Ова тело претставува чекор напред во обидот конечно да воспоставиме функционален и синхронизиран систем кој ќе ѝ застане на патот на корупцијата. Дозволете ми веднаш да бидам јасен, ова тело нема да биде само уште една административна конструкција. Ние сме овде за да создадеме нова форма која што ќе има суштина, а нема да биде форма која ќе биде без содржина. Сакаме да изградиме механизам кој ќе делува брзо, ефикасно и бескомпромисно. За жал, изминатите години гледавме како корупцијата тивко, но упорно ја разјадува довербата кај граѓаните, но и во институциите. Судски постапки што траат со години, обвиненија кои никогаш не завршуваат со пресуда, истраги кои се отвораат само кога ќе станат медиумска сензација,“ рече Мицкоски.

Премиерот оцени дека сето тоа создаде чувство кај граѓаните дека правдата е селективна, а корупцијата прифатена.

Реклама

„Токму тоа е најголемата штета, не само изгубените пари туку и изгубената верба. Корупцијата убива надеж, ги тера младите да си заминат, ги обесхрабрува чесните, го подрива општеството. Корупцијата е најголема пречка за растот, развојот и иднината на една држава, рече премиерот.

Мицкоски порача дека оваа борба не е само борба против криминал, корупција туку ова е борба за душата на нашата татковина. За вредностите што сакаме да ги живееме. За тоа дали ќе бидеме општество на ред и закон или на „врски“ и „договори под маса“.

Меѓуресорското тело има историска одговорност – да воспостави координација помеѓу сите клучни институции:

– Државната комисија за спречување на корупција,
– Министерството за внатрешни работи,
– Јавното обвинителство,
– Финансиската полиција,
– Управата за јавни приходи,
– Царинската управа,
– Министерството за правда,
– Министерството за финансии, и други“.

„Овие институции веќе имаат надлежности. Она што им недостасува е: координација, храброст и одговорност. Ова тело мора да биде местото каде што информациите се споделуваат навремено. Каде што никој не премолчува. Каде што се преземаат иницијативи, се следат случаи и се бараат резултати. Но исто така, мораме да ја признаеме и реалноста:
За жал, граѓаните не се задоволни од работата на судиите. Судството и обвинителството се слабата алка во борбата против корупцијата. И тоа не е мое мислење. Тоа е впечаток на народот. А народот не греши кога со години гледа како правдата се одложува, извртува, исчезнува. Судството мора да ја врати својата улога – не како нем набљудувач, туку како клучен актер во оваа борба. Ќе ги поддржиме со законски решенија, со буџет, со логистика, сѐ што треба ќе направиме. Но истовремено – бараме отчетност. Не може повеќе предметите да чекаат, додека јавноста очекува. Како што има кажано Винстон Черчил: „Силата на еден народ не се мери само со армијата, туку и со правдата што тој народ ја гарантира“. Граѓаните не сакаат спектакл. Тие сакаат резултати. Сакам да гледаме функционери коишто кога ќе се огрешат, кога ќе бидат вовлечени во криминал ќе одговараат, институции што не толерираат, и систем што штити – не краде. Нема да дозволиме борбата против корупција да остане на хартија. Ќе следиме конкретни резултати. Ќе поставиме индикатори и истите ќе ги објавуваме јавно. Нема веќе недопирливи. Нема веќе „тој е наш“. Јас лично – како претседател на Владата – ќе бидам дел од секој извештај, секоја средба, секоја проценка. Ќе бидам најгласниот поддржувач на ова тело, но и негов најголем критичар – ако не дава резултати, се разбира. Ова не е борба на една Влада. Ова е борба на целото општество. И затоа ги повикувам сите – граѓаните, медиумите, невладиниот сектор, бизнисот – да бидат дел од овој процес. Да пријавуваат. Да реагираат. Да не молчат,“ рече тој.

„Ќе изградиме систем каде што функцијата ќе значи служба, а не привилегија. Каде што законот ќе важи за сите – не само за обичниот човек. Каде што младите ќе останат тука – затоа што ќе имаат причина да веруваат. И не заборавајте корупцијата е најголемата пречка за растот, развојот и иднината на една држава. Да создадеме држава која нема да се срами од вистината. Туку ќе се гордее со неа. Држава во која корупцијата не е навика – туку забранета зона. Држава во која не победуваат најгласните – туку најчесните“ – истакна премиерот.