Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Економија

Мицкоски: Над 30% реализација на капиталните инвестиции

Над 30% реализација на капиталните инвестиции за неполни 3 месеци од годинава.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Над 30% реализација на капиталните инвестиции за неполни 3 месеци од годинава. Премиерот задоволен од динамиката со која се градат патишта, училишта, болници, капитални објекти. Најдобра реализација од 50% или половина од планираното за цела година до крајот на март има Министерството за транспорт – вели Мицкоски. Тој смета дека и изградбата на автопатот Кичево – Охрид се одвива според планираното и ќе заврши во предвидениот рок до јуни следната година. Досега во сообраќај се пуштени околу 40 километри од автопатот, вклучувајќи ги потезите од Врбјани до Ботун и од Климештани до Охрид. Дополнителни речиси 200 милиони евра, Јавното претпријатие за државни патишта ќе ги обезбеди со заем од домашните банки.

Од некакви причини финсирањето од кинеската банка е прекинато и ние бевме известени за тоа, но се снајдовме. Се обезбеди доволна сума за да го завршиме овој проект. Како што ветивме, така да го пуштиме во употреба. Истото се случува и со останатите автопати. Од за мене неразбирливи причини на почеток, автопатите кои се дел од коридорите биле префрлени во Министерството за транспорт наместо во ЈПДП. Со измени на законот се вратија каде што припаѓаат. Има динамика на реализација од компанијата изведувач. Таму освен авансот што беше исплатен, ништо друго не беше направено, но благодарение на експресната акција на Министерството за транспорт, потпретседателот на Владата и директорот на ЈПДП, завршени се 90 проценти од работите што зависат од државата. Сега останува добра организација од страна на изведувачите и таа работа да се заврши. Можеби ќе треба рокот малку да се пролонгира, но важно е дека и таа целина ќе се заокружи“ – вели Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Интензивно се градат и автопатските делници долж Коридорите 8 и 10д. За 4-та делница од Требеништа до Ќафасан што треба да ја гради конзорциумот Бехтел и Енка, премиерот вели дека најверојатно  нема да биде дел од плановите, бидејќи влегува во заштитениот дел од Охридското Езеро под УНЕСКО, но ветува дека ќе има солидно поврзување до албанската граница.

Реклама

Автопатот Требениште – Струга – Ќафасан, најверојатно нема да остане во план зашто не зависи од нас, туку од УНЕСКО. Но, се бара начин како да се заокружи и таа целина зашто влегува во периметарот на УНЕСКО. Ќе најдеме начин како повторно да имаме безбеден сообраќај меѓу тие две отсечки. Во овој момент уште се преговара, разговара и не е донесена конечна одлука. Најверојатно тука ќе треба да имаме некакви измени“ – рече Христијан Мицкоски – претседател на Влада

Забрзната изградба на инфраструктурата, како и капиталните објекти кои ги реализираат општините, меѓу другото,  придонесоа за пораст на градежништвото. Во последните три месеци лани, овој сектор се зголеми за речиси 15% и беше главен мотор на развојот на економијата. Минатата година заврши со економски раст од 3 и пол проценти.