Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Мицкоски – Над 150 проекти се предвидени во образовната инфраструктура

Без квалитетно и добро образование нема иднина. Токму затоа, Владата го поставува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Без квалитетно и добро образование нема иднина. Токму затоа, Владата го поставува образованието како еден од своите клучни приоритети и столб на развојната политика, со јасна цел, подобри услови за учениците и наставниците и посилен образовен систем за идните генерации.

За само година и половина, инвестирани се повеќе од 65 милиони евра во нови и реконструирани училишни објекти, спортски сали и унапредување на образовната инфраструктура низ државата.

За премиерот Мицкоски, овие вложувања се дел од долгорочен план за модернизирање на образовниот систем и обезбедување подобри услови за учење и развој на младите.

Реклама

„За година и половина повеќе од 65 милиони евра се инвестирани во образованието, а од тие некаде околу 56–57 милиони се дел од програмата АА. Така што образованието е еден од нашите главни приоритети како Влада. Продолжуваме и понатаму да инвестираме, бидејќи без квалитетно и добро образование нема иднина”, изјави премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски.

Отворањето на спортската сала во Кратово е уште еден пример дека инвестициите не остануваат само на хартија туку се реализираат на терен.

„Па да. Впрочем, и овој објект е дел од тие инвестиции, би рекол. Инаку, повеќе од 160–170 проекти ширум државата се предвидени за инвестирање во делот на образованието, училишта, студентски домови, итн. нешто што претставува императив за оваа Влада”, изјави премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски.

„Овој проект уште еданш покажа дека инвестирањето во спортот и создавање на услови во спортувањето е највредна инвестиција, корисна за сите генерации. Општина Кратово во изминатиот период тоа го правеше доследно и одговорно, изгради неколклу игралишта и спортски терени, со современи подлоги и стандарди“, изјави Тодорче Николовски, градоначалник на Кратово

Со ваквото инвестициско темпо, од Владата најавуваат дека вложувањата во образованието продолжуваат и во наредниот период, со фокус на подобри услови за учење и развој на идните генерации.