Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Прилози

🎥Мицкоски на средба со Ејакузе- нема назад во реформите и битката против корупција

Македонија стои цврсто на патот на реформите на европската интеграција и на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија стои цврсто на патот на реформите на европската интеграција и на борбата против корупцијата и од тој пат назад нема, порача премиерот Христијан Мицкоски кој денеска имаше средба со извршниот директор на Партнерството за отворена власт, Аидан Ејакуза. Мицкоски нагласува дека процесот на приближување кон Европската Унија не е само административна постапка туку суштински трансформациски пат. Во фокус се вели граѓаните и нивната доверба во институциите кои преку транспарентност и отчетност се фокусирани на клучните реформи:

“Кога институциите се отворени и отчетни тогаш нема место за злоупотреба, ниту за загрозување на слободите и демократијата. Овој состанок е доказ дека ние не бегаме од проблемите туку дека истите ги препознаваме и решаваме. Ние не се плашиме од предизвици туку истите ги совладуваме.”- изјави Мицкоски.

Партнерството за отворена власт со Македонија започна во 2011 година. Според Ејакуза главната цел е транспарентноста и отчетноста на владата, да се елиминира корупцијата и да се врати довербата на граѓаните во јавните институции. Тоа бил клучен момент за покажување на напредок за да се пристапи кон ЕУ.

Реклама

„Отоврената влада нуди подобрување со тоа што ги повикува граѓаните да ги обликуваат јавните приоритети да учествуваат во креирање на законите и со тоа да се чувствуваат како владата да се нивни партнери во решавањето на  приоритетите и нивните главни проблеми“.- изјави Аидан Ејакуза.

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев истакна дека Македонија  останува целосно посветена на принципите на отворено владеење и дека ПОВ е клучна рамка за подобрување на квалитетот на јавните услуги и довербата на граѓаните во институциите.

” Нашата крајна цел е да изградиме јавна администрација која е професионална, отворена, достапна и во служба на граѓаните. Партнерството за отворена власт ни овозможува да ги зајакнеме механизмите за транспарентност и отчетност, но и да создадеме услови за поефикасни, квалитетни и правични јавни услуги. За нас, ова не е само меѓународна обврска, туку реална можност за подобрување на секојдневието на граѓаните,” изјави Минчев.

Стратешките активности на Министерството за јавна администрација во насока на унапредување на транспарентноста, отчетноста, дигитализацијата и граѓанското учество во институциите се дел од Националниот акциски план  2024-2026.  Организацијата Партнерство за отворена власт е формирана во 2011 година и досега има соработка со 74 национални Влади.