Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Мицкоски: На овие избори изберете 9 за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за напредок и развој на Македонија

На денешниот народен митинг во Брвеница во рамките на изборната кампања за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На денешниот народен митинг во Брвеница во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, обраќање имаше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при што потенцираше дека е убеден дека граѓаните во голем број ќе ја дадат довербата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и ќе гласаат за бројот 9 за да продолжи Македонија да се развива и гради.

Понатаму Мицкоски истакна дека на овие избори постојат две коалиции, едната СДСM-ДУИ и Левица а другата опција е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

„Овие избори, се избори на коишто има две опции, едната опција е коалиција којашто е формирана на непринципиелен начин, коалиција којашто се обедини затоа што е гладна за власт едните за прв пат а другите да го повторат тоа што го правеа 7 години. Втората причина зошто тие се обединија е неподносливиот пандемиски гнев кон ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е коалицијата којашто ја сочинуваат СДС, ДУИ и Левица. Тоа е коалицијата којашто ја формираа Венко Филипче Али Ахмети и Димитар Апасиев. Тоа е таа неформална коалиција. Тоа е коалицијата којашто живее од Македонија. И втората опција е коалицијата којашто ја предводи ВМРО-ДПМНЕ“ кажа Мицкоски.

Реклама

Мицкоски потенцира дека првата коалиција е враќање назад и уназадување на Македонија а втората опција е ВМРО-ДПМНЕ за напредок и развој на државата.

„Ова се двете коалиција кои на овие избори имаат сосема различни концепти. Првата коалиција е коалиција којашто не враќа назад како оние 7 години кога се ограбуваше Македонија, кога се распродаваше македонскиот идентитет и кога се распродаваа Македонија, и втората опција е ВМРО-ДПМНЕ, за напредок и развој.

Мицкоски истакна дека политичката партија Левица кoja е во коалиција со СДСM и ДУИ  не извади кандидати од каде што доаѓаат нивните пратеници и претседател на партијата но затоа пак имаат кандидати во Струга, Тетово и Гостивар.

„Не извадија кандидати ниту во Штип од каде што доаѓа втората фигура во раководството на таа партија, но затоа извадија во Тетово, Гостивар и во Струга. Зошто? Само поради една причина, да можат да направат дисипација, раслојување на анти ДУИ гласовите. Тоа нема да им помине, народот не им верува“ истакна Мицкоски.

Мицкоски заклучи дека на овие избори огромен број граѓани ќе ја изберат втората опција тоа е опција на раст на развој на инвестиции, на план и визија за Македонија.

„Затоа од овде ве повикувам на 19 октомври да го заокружите бројот 9 и во првиот круг за ја завршиме работата“ заклучи Мицкоски.