Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Економија

Мицкоски најави поевтинување на дизелот за 6 до 6 и пол денари по литар од вторник

Поголемо поевтинуваање на дизелот од вторник. Премиерот Мицкоски очекува Регулаторната комисија за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поголемо поевтинуваање на дизелот од вторник. Премиерот Мицкоски очекува Регулаторната комисија за енергетика да одлучи во понеделник цената на дизелот да се намали до 6 и пол денари по литар, а бензините да останат со исти или благо покачени цени за половина денар. Истовремено Владата ќе ги продолжи мерките за заштита на животниот стандард на граѓаните, а преговара и со ОКТА да обезбеди попуст за првата половина од јуни. Ќе се изгласа поволностите да важат и во следните две недели. Седницата ќе се одржи утре, затоа што мерките истекуваат во понеделник, па одлуките треба навремено да се донесат. Се работи за интервенции кај акцизите, кои се намалуваат за 2 денари  и за бензините и за дизелот. Тоа значи дека за бензините ќе продолжат да се пресметуваат акцизи од 20 денари по литар, а за дизелот од 13,5 денари по литар. ДДВ-то се враќа од 10 на 18%.

„Очекувам цената на бензините да остане иста или да има мало зголемување од половина денар, а дизелот да поевтини околу 6 и пол денара, 6 до 6,5 денара. Отприлика ова се бројките кои нашите калкулации ги кажуваат, а ќе видиме како како ќе направи пресметка регулаторно“ – истакна Мицкоски.

При последната промена на цените од страна на Регулаторната комисија за енергетика, цените на горивата минимално се зголемија, односно бензините поскапеа за половина ден по литар, а кај дизелот немаше промена. Мицкоски вели дека очекува период на стабилизација на цените.

Реклама

„И кога сето ова ќе се ќе се заокружи, ние и денеска, односно и она што го очекуваме во понеделник, ќе останеме држава со убедливо најниски цени на на горивата, односно на на дизел горивото и на бензините. Ако се оствари оваа наша калкулација како точна, бензините би останале или иста цена или половина денар би поскапеле, а дизелот би поевтинил за 6 до 6,5 денари по литар. Така што, остануваме и понатаму посветени на подобрување на стандардот на граѓаните“ – потенцира премиерот Мицкоски.

Македонија и натаму има најниски цени на горивата на Балканот. Додека кај нас бензините се продаваат за под 90 денари по литар , а дизелот за 92 денари, во Бугарија цените на горивата изнесуваат 92,6 денари по литар, во Босна и Херцеговина цената е 93 денари по литар, а во Црна Гора достигнуваат 99 денари. Бензините во Хрватска неделава чинат 101 денар, а во Србија 102 денари по литар. Убедливо највисоки цениу во регионот имаат Албанија и Грција кадешто горивата се продаваат за 122 денари, односно 130 денари по литар.

На ниво на цел европски континент, најниски цени на бензините има во Русија и Белорусија од околу 50 денар по литар, а највисоки во Данска од 149 денари по литар.

Инаку цената на нафтата на светските берзи доживеа благ пад последнава седмица. Ако се тргуваше за 96,6 долари за барел во понеделникот, постепено се намалуваше до 91 долар за барел на крајот на неделава за испораки во август.