Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Мицкоски: Мора да кажеме доста е, ова мора да престане

Се сеќавате пред 6 ипол години ја започнаа онаа нивна кампања кога…

Сподели:

Се сеќавате пред 6 ипол години ја започнаа онаа нивна кампања кога велеа дека ќе донеле живот во Македонија. Наместо живот за сите, општество за сите, тие донесоа живот за малкумина кои што се денес во врхушката на СДСМ и ДУИ, а за сите нас останатите донесоа вистински пекол. Кога зборам на вистински пекол, ќе ве потсетам на некои од нивните ветувања. Велеа дека ќе сме имале европско здравство. А од европското здравство не остана ни Е. Всушност има едно Е а тоа се еврата кои што ги украдоа од нашиот здравствен систем и сега се џебовите на малкумина преку наместени тендери, вели Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ пред граѓаните на општина Демир Хисар во рамки на претседателската кампања.

Мицкоски додаде дека СДСМ донесе пекол и во образованието и во земјоделството, укажувајќи дека учениците се уште немаат учебници и покрај тоа што е крај на учебната година, а од ветениот загарантиран откуп и цени за земјоделците, нема ништо.

Се сеќавате зборуваа дека образовниот систем бил како во европските високо развиени држави. Но каква е реалноста? За жал нашите ученици најголем дел од нив не добија книги од кои што ќе можат да учат, а некои за жал учебната година ќе заврши се уште немаат добиено книги. Се сеќавате на земјоделците им ветуваа откуп, им ветуваа загарантирана цена, повисоки субвенции, а што направија? Ниту загарантиран откуп, ниту загарантирана цена, полињата се пустошат, луѓето се иселуваат. Тоа е реалноста која ја донесоа во Македонија, од оној ветуван живот, донесоа пекол.

Реклама

Претседателот Мицкоски потенцираше дека со Македонија управува триото Ахмети, Груби и Османи, порачувајќи дека тоа мора да престане најпрво на 24 април, а потоа на 8 мај.

Со Македонија управува ДУИ, по принципот како од сега. А овие измеќарите од СДСМ партија која во раните 90тите беше голема, партија која што можеби држеше во некоја мера до своето достоинство денеска се претвори во еден обичен измеќар на триото Ахмети, Груби и Османи. Принципот на владеење со Македонија како до сега подразбира Артан Груби како вицепремиер и неговото семејство да стекнува се поголем имот во центрите на големите населени места во Македонија. Бујар Османи како министер за надворешни работи да продолжи да ја распродава и омаловажува и понижува Македонија и да го дели македонскиот идентитет каде стигне и кому стигне, небаре го наследил од неговите предци. И конечно на крај главниот во оваа приказна како до сега Али Ахмети да го гледаме во неговиот вилает, неговите хациенди во Зајас како ужива како некој блискоисточен шејк од таму управувајќи со Македонија. Тоа мора да престане. Мора да кажеме доста е, ова мора да престане најпрво на 24 април, а потоа и на 8 мај. Порача Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека неговиот рејтингот, рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова е три пати поголем од рејтингот на СДСМ, Ковачевски и Пендаровски, токму поради тоа се плаши самиот Пендаровски, нагласувајќи дека за неколку недели од сега ќе одговараат што го опљачкаа народот.

Пендаровски има страв затоа што за неколку недели од денеска ќе ги отвориме тефтерите, ќе ги ослободиме институциите и ќе видиме што е тоа што го правеа овие 6 и пол години. Дали тоа што го збори Стево дека тој барем не крадел за разлика од сите останати, е навистина така или не е така. Има страв Стево и до него блиските затоа што треба сметките да се срамнат, треба одговорноста да дојде, за бадијала им се промените на челновите во кривичниот законик, за бадијала, кажа Мицкоски и им порача дека ќе одговараат после 8 мај за сето она кое што го направија на народот и го опљачкаа.