Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Мицкоски: Македонија направи премногу, нема веќе национални отстапки

Да го гледаме нашиот интерес и да не влегуваме во замката на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Да го гледаме нашиот интерес и да не влегуваме во замката на предизборната кампања на Бугарија, порача денеска од Штип, премиерот Христијан Мицкоски. Изјавата на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, кој најави дека од Европската народна партија ќе побарат исклучување на ВМРО-ДПМНЕ, премиерот низ насмевка ја прокементира како првоаприлска шега. Мицкоски, потенцираше дека во минатото Македонија, за да се интегрира во рамките на Европската Унија цело време била понижувана, а македонските граѓани кои беа приморани да се откажат од идентитетските обележја  направија  намногу жртви.

„Тоа што го направија Македонија и македонските граѓани, не е жртва, туку понижување..тоа што ни се случуваше изминатите две и пол децении. За жал некој под жртва подразбираат ако сменат закон или два. За нас жртва преставуваше промена на национални симболи, идентитески обележја, нешто коешто за жал корумпираните политички елити во минатото не можејки да се носат со фактите и аргументите го правеа додека го ограбуваа сопствениот народ. И не им беше срам да го понижуваат . од голтари влегуваа во политиката, а милионери излегуваа.и тоа е нешто што оваа генерација во оваа македонска Влада, има за задача да го исправи„ изјави премиерот на државата Христијан Мицкоски.

Како плодна и успешна, премиерот Мицкоски, ја оцени посетата на Брисел, каде  досегашната пракса на свиткана кичма, ја замениле  со проекти и реформи.

Реклама

„Многу од работите нашите соговорници, за прв пат слушнаа. Жалам  што изминатите седум години освен свиткана кичма, коленичење, друго не биле во можност да слушнат ниту да видат од претходната влада предводена од СДСм и ДУИ. Но, ние таму отидовме подготвени со озбилни аргументи и факти. Имавме навистина добар, корисен и содржаен ручек коишто го приреди старо-новата претседателка на ЕК, Урсула Фон Дер Лајен, заедно со останатите лидери од регионот од Западен Балкан„ изјави премиерот Христијан Мицкоски

Мицкоски порача дека ако постои желба има начин Македонија, да стане дел од европското семејство. Тој е категоричен дека  прифаќање на ултиматуми повеќе нема и Македонија  во ЕУ, треба да влезе по основ на мерит-системот, односно по заслуги и вредности.

Александра Ристевска