Реклама

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

Македонија

Мицкоски: Коалицијата „Твоја Македонија“ застанува зад бранот на промени за стабилна и силна Македонија

Промените се во ваши раце – им порача Христијан Мицкоски на граѓаните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Промените се во ваши раце – им порача Христијан Мицкоски на граѓаните по формирањето на предизборната коалиција и ги повика на масовна излезност бидејќи седењето дома според него, е глас за оние кои во последниве седум години ја уништиле државата. 24 партии и организации се обединуваат под слоганот „Твоја Македонија“ – коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Нивната битка, како што рече Мицкоски, ќе биде битка за сеопшт политички, економски, социјален и културен развој.

Свесни за сериозноста на предизвиците пред кои е исправена Република Македонија во битката за сеопшт политички, економски, социјален и културен развој;Коалицијата „Твоја Македонија“ се обврзува дека при реализацијата на програмата за претседателските и парламентарните избори во 2024-тата година, целосно и недвосмислено ќе се водиме од принципите на одговорност и транспарентност во политичкото дејствување.Свесни за девастирачкиот карактер на политиките на неодговорната владејачка клика, обзнануваме дека развојот на економијата, економскиот раст, домашните и странски инвестиции, како услов за отворање на нови работни места и подобар живот на граѓаните, се врвни приоритети на партиите – членки на коалицијата „Твоја Македонија“ – изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Предуслов за вкупен развој на татковината според Христијан Мицкоски е праведноста во општеството – коалциијата СЕ обврза дека жестоко, праведно и принципиелно ќе иницираа акции на правната држава кои треба да ја вратат разнишаната доверба на граѓаните во институциите на државната власт.

Реклама

Недвосмислена и цврста борба против корупцијата и намалување на обемната бирократијата се наш носечки предизвик бидејќи цврсто веруваме дека праведноста во општеството е основен предуслов за вкупен развој на татковината. <>Недвосмислена и цврста борба против корупцијата и намалување на обемната бирократијата се наш носечки предизвик бидејќи цврсто веруваме дека праведноста во општеството е основен предуслов за вкупен развој на татковината. Оттаму, длабоко свесни за истакнатото, коалицијата „Твоја Македонија“ се Основниот концепт за развој на приватната иницијатива е почитување на економската слобода и развој на креативноста на личноста – додаде Мицкоски.

Прашан за непоколебливиот оптимизам на Димитар Ковачевски, Мицкоски вели не очекува тој да развее бело знаме и да се предаде, но јасно било дека на меѓупартиски состаноци СДСМ си лицитирале со бројки колкав ќе биде поразот. За пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски смета дека покажала вонсериска цврстина, обединетост и хомогеност…..Оттаму и веројатно доаѓа одлукаата, најголем број од актуелните пратеници повторно да се најдат на изборните листи.