Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Мицкоски: Ќе набавиме помеѓу 100 и 120 електрични автобуси, најголемиoт дел ќе завршат во Скопје

Автобусите конечно се вратија да сообраќаат по улиците на Скопје. Главниот град,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Автобусите конечно се вратија да сообраќаат по улиците на Скопје. Главниот град, барем засега има функционален јавен превоз. Во решавањето на проблемот се вклучија сите, освен најповиканата градоначалничката Данела Арсовска. Автобусите на ЈСП во моментов возат со нафтата од државните резерви кои им ja даде владата, но таа ќе трае најмногу две недели. Во меѓувреме, во сообраќај се вклучија и приватните превозници, Скопје наскоро ќе добие и 6 електрични автобуси од европски пари, а премиерот Мицкоски најави дека до крајот на годинава Владата ќе го распише тендерот за набавка на 120 електрични автобуси. Тој вели во моментов се скенира пазарот и се бара најповолниот начин за набавка. Најголемиот број од автобусите ќе бидат наменети за главниот град.

“Ако набавиме 120, тоа ќе биде пропорција 70-50 или 80-40. Станува збор за еколошки автобуси со 50 полначи и сета арматура. Времетраењето на полнењето ќе биде околу 2,5 часа и дневно со едно полнење ќе се поминат 350 до 400 километри. Сметам дека штом ќе се појават на улиците ширум градовите, ќе се намали и загадувањето и ќе значи добар имиџ за нас како држава” рече Мицкоски.

Владата планира од следната есен да бидат вклучени во сообраќај новите електрични автобуси.Условите за нивно плаќање наскоро ќе бидат дефинирани рече Мицкоски.

Реклама

„Тоа ќе биде тендер, ние ги дефнираме условите, го скенираме пазарот и ги дефинираме условите на плаќање. Условите на плаќање ќе бидат такви да почнеме да ги плаќаме околу 2028 година на осум полугодишни рати во период од 4 години така да мислам дека ќе биде добар проект“, посочи Мицкоски.

За сега е нејасно што ќе се прави откако автобусите на ЈСП ќе ја потрошат нафатата за недела или две и дали во меѓувреме Град Скопје ќе успее да најде најповолен добавувач за да не ги остави граѓаните повторно без јавен превоз. Истовремено, приватните превозници побараа зголемување на тарифникот и да им се плаќа директно од Град Скопје наместо како до сега преку ЈСП, за да можат во функција да ги стават сите 200 автобуси.