Реклама
Македонија

Мицкоски: Кампањата не треба да биде театар на празни ветувања

И на овие избори Македонија, ќе победи. Кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

И на овие избори Македонија, ќе победи. Кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, нудат програма во која нема апстрактни ветувања, туку план и визија, за подобар живот на граѓаните, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната промоција на кандидатите, што се одржа во Штип. Мицкоски, истакна дека народот очекува подобар живот, сигурност, правда и перспектива, да не биде излажан и третиран како средство, туку како цел за чија благосостојба мора да се работи одговорно. Од говорницата им се обрати на сите кандидати, со пораката-вашиот мандат е договор со граѓаните .

„Сакам да им порачам на сите градоначалници кои се реизбираат, но и на оние кои првпат застануваат пред народот-вашиот мандат е договор со граѓаните, службата е чест, но и обврка. Да бидете транспарентни, достапни, чесни и да мерите се со резултати, а не со зборови. Вашето досегашно искуство да го претворите во предност , а вашата визија и програма да ги претворите во реални дела и проекти кои ќе го подобрат животот на граѓаните. Тоа е нашата заедничка мисија и цел„ им порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на кандидатите за градоначалници.

Во однос на изборната кампања лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека најголемата партија ќе води кампања која не смее да биде театар на празни ветувања, туку мост помеѓу вистината и надежда. Секое ветување носи тежина, а секој гест станува порака, рече Мицкоски и истакна дека не барат аплауз за ветување, туку доверба за работа, зашто вистинската награда не е во аплаузот, туку во животот што ќе го направат за некого да биде подобар.

Реклама

„ Ќе ги поразиме сите ваши интриги, сите ваши тажни обиди да не инволвирате во вашите предавства, сите ваши афери и апатијата што ја создадовте , затоа што во нас чука срце, затоа што ние сме луѓе кои сакаме, живееме за идеја и мечтаеме, затоа што ние живееме со проблемите на луѓето и се бориме и ќе се бориме да ги подобриме животите на сите и покрај вашите опструкции, планови и деструкција. Ви ветувам дека и на овие избори, ќе ве победиме. Македонија ќе победи “ рече Христијан Мицкоски, лидер на Вмро-Дпмне.

Во изминатите четири години, како што посочи Мицкоски, во говорот во Македонија, се изградени над 770 километри патна инфраструктура, 12 пречистителни станици, изградени и реконструирани над 400 училишта, токму со работата на досегашните градоначалници. Тој ги охрабри идните, дека Владата и понатаму ќе обезбеди силна поддршка за сите клучни општински проекти.