Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Мицкоски: Изворот на негативната кампања на власта е мешетар од Израел, фалсификува документи, истата понуда ми ја даде и мене, го избркав од канцеларија и му реков дека ќе одговара, сега работи за СДС

Мицкоски им порача на Ковачевски и Пендаровски дека за неколку недели од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мицкоски им порача на Ковачевски и Пендаровски дека за неколку недели од денес ниту едниот ниту другиот ќе имаат државна функција, ниту едниот, ниту другиот ќе се кријат позади имунитетот.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во својот говор на големиот народен митинг пред Владата на Република Македонија истакна дека додека ВМРО-ДПМНЕ е фокусирана на понуда и план за граѓаните, СДС е фокусирана на негативна кампања, изворот на таквата кампања е мешетар од Израел кој фалсификува документи и дека таква понуда дал и кај него, но бил избркан и му било кажано дека ќе одговара.

– Оваа кампања ВМРО-ДПМНЕ ќе биде фокусирана кон понуда, план за излез од кризата, а нема да се занимаваме со нашите противници. Од другата страна гледам дека СДСМ очајнички прибегнува кон црна кампања, кон измислување и фалсификување на документи. Тие во отсуство на сериозна програма во ситуација кога цела јавност знае дека нивниот збор не држи, дека немаат ниту еден резултат, ниту еден успех, туку само скандали и корупција, тие прибегнуваат кон црна кампања, рече Мицкоски.

Реклама

Мицкоски нагласи дека на народот му треба надеж, проекти, понуда за подобар живот, а гледаме од власта дека имаат понуда на фалсификувани листови хартија, непостоечки записници кои изобилуваат со детски грешки, многу невистина.

– Изворот на таквите вести, внимавајте добро, оваа порака е многу важна, изворот на таквите вести е еден балкански мешетар и контрактор со потекло од Израел кој скапо го платиле со украдените пари од тендерите кои ги местат и го крадат народот. Тој мешетар е познат по таквите измислувања и фалсификувања и ширење лажни вести. Ова го кажувам за да не наседне ниту народот ниту пак медиумите на ваквите лаги, и го кажувам ова за да знае и Ковачевски дека истиот човек пред да отиде кај него, беше кај мене и ми понуди да прави фалсификати документи за власта кои ќе ги продаваме во јавноста за големи скандали. Мојата порака кон овој мешетар беше јасна, јас во политиката влегов да градам и поправам, а не да растурам и расипувам работи или терам црни кампања. Така силно го избркав од мојата канцеларија што го промаши и излезот од просторијата. Но еве гледам си нашол тезга кај СДСМ, кај Ковачевски и Пендаровски и така среќно си фалсификуваат документи и наводни записници, истакна Мицкоски.

Мицкоски им порача на Ковачевски и Пендаровски дека за неколку недели од денес ниту едниот ниту другиот ќе имаат државна функција, ниту едниот, ниту другиот ќе се кријат позади имунитетот.

И треба да знаете дека фалсификување е кривично дело и за тоа кривично дело се лежи, ви кажувам за да не излезе дека не сум ви кажал, и не сум ве предупредил, за неколку недели од денес, потенцираше Мицкоски.