Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Економија

Мицкоски: Изјавите на СДСМ се стихијни и полни со лаги, на времето коленичевме за вакцини, сега ги помагаме соседните држави

Се обидувам во моите последни изјави да не ги коментирам изјавите од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се обидувам во моите последни изјави да не ги коментирам изјавите од СДСМ, зашто се стихијни и немаат никакво значење, т.е. имаат единствено значење – преку креирање лажна перцепција и растурање пердуви да се обидат да нанесат штета на работата на Владата. Нивните изјави никогаш не се конструктивни, туку се најчесто полни со лага, конструкција и тоа во јавните односи се вика – како да нанесете штета на Владата која се бори во услови на криза и предизвици, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со последните изјави на Венко Филипче за мигрантите.

Како што потенцира Мицкоски, Владата останува фокусирана на вистинската потреба на граѓаните и државата.

– Во ред, тие одбрале таква стратегија, но тоа е лажна, погрешна стратегија. Ние остануваме да се фокусираме на она што претставува вистинска потреба на граѓаните, приоритет на граѓаните и на државата. Ние сме сериозна Влада, Влада што се обидува да ги антиципира предизвиците. Ако на времето коленичивме во КОВИД-кризата за пет илјади вакцини, денеска ги помагаме соседните држави во услови на криза кога се потребни агрегати за генерирање електрична енергија. Кога ќе треба од зоната на воени дејства да пренесеме странски држави, односно државјани на нашите соседи, тоа, да, го направивме. Еве, нашите ресурси се ставени на располагање на соседните држави и на граѓаните од соседните држави за поевтина цена да полнат гориво. Така што, сега гледаме поинаква Македонија од онаа што беше ограбена, понижена и на колена неколку години во времето на Владата на СДСМ и ДУИ. Тие имаа шанса, шансата ја пропуштија. Им треба многу време да поминат во опозиција за да сфатат дека грешат, порача Мицкоски.