Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Прилози

Мицкоски испрати покани до парламентарните партии за лидерска средба

Премиерот Христијан Мицкоски испрати покани за лидерска средба до сите парламентарни партии.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски испрати покани за лидерска средба до сите парламентарни партии. Средбата е закажана за Василица на 14 јануари и вообичаено ќе се одржи во Клубот на пратеници. На средбата, како што е најавено досега се очекува дебата за техничката влада, но и за избор на Народен правобранител, како и за некои од законите од реформската агенда што се носат со двотретинско мнозинство, како оној за Јавно Обвинителство.

И покрајј ставот на најголемата опозициска партија СДСМ да не учествува на таква средба, тоа не го спречи Мицкоски да испрати покани.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче пред некој ден, категорично одби учество на лидерската средба. Тој ја отфрли и можноста за укинување на техничката влада, оценувајќи ја како единствена пречка за воспоставување на авторитарен режим. Според него, власта на Христијан Мицкоски не сака техничка влада не поради ефикасност, туку поради страв од контрола.

Реклама

Неизвесно е присуството и на ДУИ и Левица. Од ДУИ соопштија дека откако официјално ќе ја добијат поканата ќе го кажат својот став за присуството на средбата. Опозициската Левица веќе соопшти дека се залага за укинување на техничката влада, но нејзиното укинување би било прифатливо само доколку е проследено со вистински, а не декларативни демократски реформи и воведување на една изборна единица.

Од Владејачката коалиција ВРЕДИ, принципиелно стојат зад ваквата иницијатива на Мицкоски. Тие веќе информираа дека ВРЕДИ е секогаш отворена за секоја средба насочена кон функционирање на институциите и наоѓање решенија во интерес на граѓаните.

Потребата  од лидерска средба се наметна на политичката сцена откако премиерот побара политичко единство од сите партии во Парламентот, во однос на спроведувањето на реформите и изгласувањето на законите, се со цел  забрзување на евроинтеграцискиот пат на Македонија.