Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Македонија

Мицкоски: Имаме прилично амбициозна агенда за капитални инвестиции

Македонија да биде раскрсница на три столба – енергетска, железничка и транспортна.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести


Македонија да биде раскрсница на три столба – енергетска, железничка и транспортна. Владата со планови и најави за градежна офанзива во делот на патната инфраструктура. Премиерот Мицкоски вели дека иако затекнале летаргија и недисциплина во овој дел на капиталните инвестиции од претходната власт, се работело секојдневно на исполнување на како што рече „амбициозната агенда“

Затекнавме една летаргија, една недисциплина во овој дел на капитални инвестиции. Се работи секојдневно. Имаме прилично амбициозна агенда. Експресниот пат Чатал – Глобочица – Крива Паланка ќе биде готов до крај на годинава. Делот од Коридор 8, Кичево – Охрид после 7 годишна летаргија и стагнирање се гради, 12-тина километри се асфалтирани. Очекувам до новата туристичка сезона од Арбиново до Охрид да биде пуштен со исклучок кај Ботун поради свлечиштето. До крајот на 2026 да биде завршен, рече премиерот Мицкоски.

Добар тек на експропријацијата и отворен фронт на повеќе делови од Коридорот 8 – Мицкоски уверува дека владата е посветена на теренските активности, работат а не политизираат. До крајот на оваа година, треба да биде завршен потегот Куманово-Билјаковце, што ќе го отвори патот за реализација на вотриот дел, до Крива Паланка.

Реклама

Во меѓувреме, Мицкоски ја поздрави и заложбата на Софија за изнаоѓање решение во однос на изградбата на тунелот кој железнички ќе не поврзе со Бугарија.

Отпочнавме со теренските активности и да работиме а не да политизираме. Отворен фронт кај коридорите, решени имотно правни односи, добар тек на експропријацијата.  Потегот Градско – Фариш до нова година ќе биде пуштен. Дреново – Фариш има една карпа која ќе треба да се отстрани и ќе има мало доцнење, ќе се заврши до март. Имаме задвижување и реализација на капитални проекти кои до сега не биле реализирани. Куманово – Бељаковце да биде завршена до нова година. Бељаковце – Крива Паланка има мало доцнење. Тоа е втор дел кој треба да доведе до третиот дел, односно изградбата на тунелот кој ќе не поврзе железнички со Бугарија, рече премиерот.

Договорот за гасен интерконеткот со Грција, кој треба да биде потпишан до крајот на 2024 година, ќе значли и енергетско поврзување.

Што се однесува до патната инфраструктура, голем дел од проектите во општините кои се финансирани од владата, опфаќаат изградба на улици и булевари, за што се дадени околу 2.2 милијарди денари.