Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Економија

Мицкоски: Имаме доволно гориво и струја, можно повлекување мазут од државните резерви

Македонија има апсолутно доволно гориво и не размислува да ја ограничи продажбата,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија има апсолутно доволно гориво и не размислува да ја ограничи продажбата, иако и луѓе од соседството точат бензин на нашите пумпи, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Подмирени се и потребите за струја, но, сепак е можно повлекување мазут од државните резерви.

Како што напомена Мицкоски одговорајќи на новинарски прашања по тркалезната маса во Уставниот суд, за околу 10 отсто вкупно е зголемен конзумот на гориво во земјава. Нафтоводот е во целосна функција, што претставува дополнителна сигурност, складовите се полни согласно закон, а државните резерви се околу шеесетина дена.

Премиерот додаде и дека, според негова информација, дека дел од околните аеродроми се снабдуваат со керозин од кај нас.

Реклама

Од земја што коленичеше и молеше, Македонија, потенцира Мицкоски, станува држава што генерира стабилност во регионот.

-Имаме апсолутно доволно количини гориво за потребите на граѓаните и бизнисот. Зголемен е конзумот во одредени погранични области, со Албанија, Косово, Србија и Грција, вкупниот конзум е зголемен за околу 10 отсто. Граѓани од соседите тука точат гориво, зашто кај нас цената е во некои случаи и до половина евроценти за литар пониска. За разлика од минатото кога, како земја коленичевме и молевме за помош, сега сме ние тие што генерираат стабилност и даваат помош. И нафтоводот е во целосна функција, цевката е полна, што претставува дополнителна сигурност, складовите се полни согласно закон, државните резерви се околу шеесетина дена, така што во овој момент, апсолутно нема никаква потреба од таква мерка. И не само со дизел горивата и со бензините безоловни со 95 и 98 октани, информиран сум дека и дел од околните аеродроми се снабдуваат со керозин од ОКТА, односно од кај нас. Така што од земја која, ќе повторам, коленичеше и молеше, стануваме земја што генерира стабилност во регионот. Се разбира, предизвици има и ќе има. И тие предизвици ние ќе ги решаваме. Но, она коешто е најважно и ни е приоритет е дека како држава имаме најниска цена за горивата за нашите граѓани и бизнисот, истакна премиерот.

На прашањето дали се размислува да се одврзат резервите на мазут за производство на струја, тој одговори потврдно.

-Во овој момент размилсуваме, но добивме и информација дека оние количини што требаше да се повлечат на крајот од минатата година, кога беше прогласена кризна состојба, околу 3 000 тони, не се целосно повлечени. Така што, можеби ќе ја оживееме таа одлука, да се повлечат тие количини, па потоа евентуално би оделе со нова одлука. Денеска сум информиран од директоорт на АД ЕСМ дека не само што ги зодовлуваат потребите на граѓаните и конзумот, туку и продаваат навечер, со што имаме дополнитлни приходи од трана на потрошувачите, потенцира Мицкоски.