Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Мицкоски: Идната влада ќе ја трансформира Македонија во успешна европска приказна

Предлог владиниот кабинет стокмен – утре ќе влезе во собраниска процедура. Откако…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Предлог владиниот кабинет стокмен – утре ќе влезе во собраниска процедура. Откако мандатарот Христијан Мицкоски ги обелодени имињата за предлог министри и вицепремиери, а тоа го направија и двете други партии кои ќе бидат дел од идната влада, Собранието е на потег. Пратениците ќе имаат два дена да ги разгледаат предлозите а викендот кој претстои ќе започне расправата. Се очекува најдоцна до недела на полноќ Македонија да ја добие новата Влада составена од ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ – партии кои уживаа огромна поддршка од електоратот – над 600.000 гласа.

Но, дури после гласањето, почнуваат сериозните обврски за извршната власт. Премиерот, министрите и замениците ќе се соочат со катастрофалната состојба во речиси сите општествени сектори. Идната влада на чело со Христијан Мицкоски ќе треба веднаш да покаже резултати во борбата против корупцијата, криминалот, подобрување на економијата. Да имаме проактивна дипломатија, да се одбранат на националните интереси, земјава да се движи напред и да не тоне, како што милува да каже Мицкоски, во политичко мочуриште.

Мандатарот, при изборот на кадровскиот потенцијал и решенија за состав на новата влада се водел од принципите за чесност и посветеност. Одбрал луѓе кои ќе дадат голема енергија во процесите и целосно ќе се вложат за реализација на амбициозните зацртани цели.

Реклама

Го немаме луксузот да не се успее, ниту пак да се прават репризи на минати владеења каде ќе се загуби врската со единствениот суверен народот. Во овие луѓе кои ги предлагам имам голема надеж и заедно не чека многу работа, мора да ги засукаме ракавите од првиот ден. Состојбите се очајни и потребни се најпрвин стабилизирање на состојбата, а  потоа и брзи резултати, рече мандатарот Мицкоски и порача дека имаат амбициозен план за реформи и проекти чија реализација ќе почне од првиот ден, рече Мицкоски.

Амбициите на идната влада, според она што Мицкоски го соопшти кога го доби мандатот од претседателката се огромни, но тој очекува дека неговиот кабинет ќе ја смени реалноста. Ќе ја трансформира Македонија во успешна европска приказна, држава која што ќе биде татковина на сите граѓани, место кое што ќе биде мотив и инспирација за оние кои што го напуштиле да се вратат назад.

Најголемите предизвици кои претстојат се однесуваат на подобрување на животниот стандард преку реформи во економијата и силен инвестициски циклус.

Целта на Мицкоски е да бидат задоволни сите – учениците, студентите, пензионерите, здравствените, социјалните и просветните работници, полицијата, војниците, земјоделците… Водилка пак ќе им биде владеењето на правото, борбата против криминалот и корупцијата и враќање на довербата во институциите.