Реклама
Македонија

Мицкоски и Тошковски на пуштање во употреба на реконструираното Одделение за управни работи

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски заедно со министерот за внатрешни работи Панче…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денека ќе присуствува на пуштање во употреба на целосно реконструираното Одделение за управни работи – Скопје во зградата на МРТВ.

Како што сопштија од владината прес-служба, вкупната вредност на проектот (приземје + 1 кат) опфаќа 2.300 метри квадратни, односно 48.000.000 денари. Завршена е прва фаза на проектот, реконструкција на најголемиот дел од приземјето од 1.300 метри квадратни.

Предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски.