Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Економија

Мицкоски: И покрај историски најголемиот обем на криза, Владата се справува прилично стабилно

– Премиерот Христијан Мицкоски вели дека и покрај намалувањето на цената на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Премиерот Христијан Мицкоски вели дека и покрај намалувањето на цената на нафтата и нафтените деривати, предизвиците со цената на горивата остануваат и се следат на дневна основа. Истакнува дека Владата се справува прилично стабилно и покрај, како што изјави денеска, историски најголемиот обем на криза. 

Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Струга, потенцира дека имаме доволно резерви, нема најава за какви било попречувања во снабдувањето и оти не се планира ограничување за набавките на горивата за соседните држави.

– Во текот на вчерашниот ден забележано е намалување на цената на нафтата и нафтените деривати на светските берзи за речиси 20-ина долари за барел, таа цена се движи тука некаде и денеска, помеѓу 95 и 97 долари за барел. Тоа е многу повисoко од цената што беше пред кризата, коja варираше меѓу 65 и 70 долари, во еден период беше и од 60 долари, но не е 120 колку што беше. И американските производи ВТИ и „Брент“. Така што, на дневна основа субвенционираме преку намалената стапка на ДДВ од 18 на 10 проценти, а во согласност со последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика имаме намалување на акцизите  од 4 денари за литар за дизелот и два денара за литар за безоловните горива – изјави Мицкоски. 

Реклама

Тој соопшти дека е зголемана побарувачката на бензинските станици во државава и оти во одредени денови надминува над два милиона литри. – Тоа е што е, на дневна основа ги следиме предизвиците, предизвици ќе има, дури и утре да заврши сето ова, ќе имаме ефект што ќе трае бидејќи производните капацитети во Заливот, пред сè, мислам на Кувајт, Ирак, Иран, Саудиска Арабија, Бахреин и Обединетите Арапски Емирати, имаат сериозни оштетувања, некои трајни, некои делумни и дневно има недостиг приближно на 12 милиони барели. Сега преку Теснината се пропуштаа танкери, дневно меѓу 7 и 10, а во одреден период можеби и повеќе, а пред кризата беа меѓу 50 и 100. Претседателот на Светската енергетска агенција кажа дека нафтените кризи од 1973, 1979 и 2022 година заедно се со послаб интензитет од оваа – рече Мицкоски.

Предизвици, потенцира, има, но за нас, за граѓаните и за бизнисот е важно дека имаме доволни количини дизел и други горива и нафтени деривари и во цевководот што го пуштивме на почетокот на годината, кој ја поврзува рафинеријата „Окта“ со солунското пристаниште, но и во државните резерви. – Досега немаме најава за какви било попречувања во делот на снабдувањето, не планираме да воведуваме ограничувања. На тој начин ги помагаме и нашите соседи бидејќи неколку аеродроми од соседството добиваат керозин од нас. Голем дел од граѓаните од соседството се снабдува со бензин и дизел од нашите бензински станици. Одредени бензински станици ја имаат зголемено потрошувачката, така што сега засега, и покрај историски најголемиот обем на криза, како Влада се справуваме прилично стабилн – рече Мицкоски.