Реклама

Хаг ги осуди за воени злосторства водачите на ОВК – Хашим Тачи доби казна од 25 години затвор

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Македонија

Мицкоски и Николоски го отфрлија уцените од Софија – нема цел да се разговара со техничка влада без легитимитет

Македонската Влада не отстапува – под овие услови и под странски диктати…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонската Влада не отстапува – под овие услови и под странски диктати нема внесување на Бугарите во Уставот. Скопје и Софија мора да репреговараат и да се најде решение прифатливо за сите кое нема да биде базирано на уцени и ултиматуми.

Премиерот Христијан Мицкоски уште еднаш порача дека е подготвен да разговара за решавање на билатералните прашања кога во Бугарија ќе се формира стабилна политичка влада, а потсети и на сите отстапки кои Македонија ги направи во минатото и на непринципиелниот однос од источниот сосед.

Секогаш бевме свесни за реалноста, како народ и како држава. Сето тоа кулминираше со промената на Уставот, односно кога се случи Преспанскиот договор кога уставното име се промени во Република Северна Македонија од Република Македонија и сето тоа беше еден процес којшто изобилуваше со многу понижувања и кон македонскиот народ и кон македонските граѓани. Но тогаш безусловно од Брисел не убедуваа уште само ова направете го и завршено е, вие не само што ќе ги почнете преговорите него и ќе бидете земја членка на ЕУ. Па потоа се измисли нова методологија на преговарање, па потоа дојде на сцена тогашната бугарска влада и премиерот на бугарската влада со оние хегемонистички барања односно негирања на идентитетот, јазикот и така натаму. И, за жал, ние по две ипол децении повторно не можеме да бидеме дел од ЕУ, односно ние не можеме ни да почнеме да преговараме, рече премиерот  Мицкоски.

Реклама

Цврстите позиции на македонската влада ги разгневија бугарските власти. Софија досега беше навикната на потчинет однос од Скопје, па сега изненадена порачува дека немало да има какво било репреговарање.

Вицепремиерот Александар Николоски вели дека не е изненаден зашто Македонија како тема секогаш се злоупотребува во предизборито во Бугарија.

Ова не е политика на Бугарија од вчера. Ова е континуитет. Секогаш кога ќе дојдат избори, се злоупотребува темата Македонија. Тие не можат ни избори да закажат, затоа нека си ги средат дома работите, не планирам да коментирам изјави на маргиналци кои се дел од некоја влада што нема легитимитет, рече министерот и вицепремиер Николоски.

По најавите од македонскиот премиер дека очекува по бугарските избори и формирањето на нова политичка Влада таму да разговара за наоѓање заедничко решение, официјална Софија остро реагираше.

На властите во Скопје треба да им биде јасно дека обидите за покренување идеи за повторно преговарање на веќе преземените меѓународни обврски може да доведат само до дополнително дистанцирање од почетокот на преговорите за членство во ЕУ. Овој наш став нема да се смени без разлика дали е техничка или редовна влада, стои во реакцијата на бугарското МНР.

Внесувањето на Бугарите во Уставот е обврска која Македонија ја презеде по прифаќањето на францускиот предлог во 2022 година од страна на тогашниот премиер Димитар Ковачевски, без никакви консултации со јавноста и со тогашната опозиција и со игнорирање на масовните протести против пакетот во кој влегоа буквално сите бугарски барања кои задираат во македонскиот идентитет.