Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Мицкоски и Ѓорѓиевски помагатели на овогодинешните најголеми Бадникови Поворки

„Голема е мојата чест, што заедно со Премиерот Христијан Мицкоски и нашите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Голема е мојата чест, што заедно со Премиерот Христијан Мицкоски и нашите семејства сме помагатели на овогодинешните најголеми Бадникови Поворки!“ пишува на социјалните мрежи градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Во продолжение ви го пренесуваме во целост Фејсбук статусот на градоначалникот Ѓорѓиевски:

Ова е најголемата радост за нас, православните Христијани!

Реклама

Малите златни ангелчиња од цело Скопје во огромен број пеејќи ја ,,Вечниот Бог” го најавија раѓањето на нашиот Бог Исус Христос а ние, како домаќини и како што доликува на нашата вековна традиција – ги дарувавме со коледарски пакетчиња. 

Она што ме прави исклучително горд е што Македонија е повторно горда и повторно живее во духот на вистинските вредности, одбележувајќи го највеличествениот Бадник во регионот. Македонија почива на тие вредности, опстојува почитувајќи ја верата и традицијата. Затоа ние ја продолжуваме!
Дефинитивно ова се најрадосните деновите кога сите сме сплотени како народ и меѓу нас има добра мисла и подадена рака.
Посакувам да трае во текот на целата година!
Дечиња, ви благодарам за прекрасниот ден!
Благодарам на сите кои придонесовте ова да изгледа толку прекрасно!
Ви благодарам што ја чувате традицијата и благодарам на вашите родители што ве водат по патот на вистинските вредности!
Нека е за многу години овој голем празник, да си дочекаме уште многу вакви убави моменти.
Бог нека дарува здравје и љубов на сите!


Честит Бадник!
Бадникови Поворки