Реклама
Македонија

Мицкоски и „Алказар Енерџи“ го најавија почетокот на најголемата инвестиција во парк на ветерници, ќе обезбедува струја за 100 илјади домаќинства

Инвестиција вредна 500 милиони долари влегува во Македонија. Со изградбата на најголемиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Инвестиција вредна 500 милиони долари влегува во Македонија. Со изградбата на најголемиот ветерен парк во Македонија и во регионот од 55 ветерници  ќе се отворат 630 работни места, а 100 илјади домаќинства ќе ја користат струјата. . Паркот ќе започне да се гради во втората половина од 2025 година, на територијата Штип, Карбинци  и Радовиш, а  производството од еден терават часови струја ќе задоволи околу 20 отсто од потребите на Македонија.

Според премиерот Мицкоски , ваквата инвестиција на старт на мандатот покажува дека како Влада се насочени кон проекти во интерес на граѓаните.

Ваквиот почеток на мандатот со ваква инвестиција покажува дека како Влада сме насочени кон проекти што се во интерес на граѓаните. Со завршување на овoј проект дури 100-тина илјади македонски семејства ќе може да се снабдуваат со електрична енергија од овие ветерници. Овој проект е значаен од многу аспекти – со него ќе се зајакне значително енергетката независност, што е наша цел, ќе го зголеми обемот на инвестиции и ќе отвори пат за нови инвестиции. Ваков тип на инвестиции покажуваат дека довербата во оваа Влада уште на самиот почеток е голема и дека како опозиција работевме и сега како Влада само ќе продолжиме да работиме со зајакнато темпо, рече Мицкоски.

Реклама

Македонија да биде енергетски независна од електрична енергија е во фокусот на новата Влада. Мицкоски вели дека тоа е можно само со добар план, целта е од увозник да станеме извозник

– Планот го имаме, луѓето ги имаме, останува само да ја завршиме домашната задача што сами ја поставивме. Велат дека секој човек сонува за големи работи, а дека малку кој своите соништа ги креира во вистински проекти, Јас сум од оние луѓе кои сакаат да видат конкретни дела, а не се потпира само на даден збор. Така функционирам, а така ќе функционира и оваа Влада, рече Мицкоски.

Покрај вработувањата, поттикнувањето на локалната економија, Македонија со новиот ветерен парк ќе добие и поевтина електрична енергија. Од Алказар се оптимисти дека првата произведена струја ќе биде во 2027 година

Пресреќни сме дека денеска означуваме почеток на остварувањето на инвестицијата на најголемиот парк на ветерници во Западен Балкан. Оваа иницијатива ќе ѝ ја овозможи на Македонија толку потребната чиста и пристапна електрична енергија и ќе креира работни места. Alcazar Energy гледа во Северна Македонија потенцијал со одлична локација за инвестиција, а со тоа се дава значење на капацитетите за создавање енергија од обновливи извори, ТОНСКО Даниел Калдерон, ко-основач и генерален директор на Alcazar Energy.

Покрај крупни инвестиции, Владата има и други проекти кои ќе помогнат во постигнување на енергетска независност. Министерката за енергетика Сања Божиновска најави програма за грантови и поволни кредити за 150 илјади домаќинства во еден мандат за сопствениците на приватните куќи и станови.

– Поддршката ќе се однесува на поставување нови енергетски ефикасни фасади, прозорци и врати, исто така и субвенции за граѓаните до 50 проценти од цената за набавка и инсталација на енергетска ефикасна опрема. Домаќинствата ќе имаат можност да го продаваат вишокот од произведената електрична енергија по подобри услови со промена на постоечката регулатива. Предвидуваме и промени на начинот на пресметка за исплата на продадената вишок произведена енергија, посочи Божиновска.

Инаку, „Алкараз енерџи“ е водечки независен одржлив фонд со седиште во Луксембург и тим на советници со седиште во Дубаи кои се фокусираат на големи проекти за обновлива енергија на пазарите во развој.