Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Македонија

Мицкоски: Граѓаните очекуваат резултати од нас, во моментот се реконструираат три патни правци во општина Велес

Јас немам што да додадам на ова што претходните говорници го кажаа,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јас немам што да додадам на ова што претходните говорници го кажаа, само би сакал да кажам дека секогаш кога нешто ќе се сработи ново коешто ќе го подобри квалитетот на живот на граѓаните за мене претставува посебна радост, бидејќи тоа е нашата инспирација да уште повеќе работиме, уште посилно работиме и уште повеќе да испорачуваме за граѓаните бидејќи тоа го очекуваат од нас, рече на денешната прес-конференција претседателот на владата, Христијан Мицкоски.

Така што уште еднаш им честитам на сите, на потпретседателот на Владата и министер за транспорт, директорот на ЈПДП, градоначалникот, пратениците во македонското Собрание, советниците, администрацијата во Општина Велес, на велешани, на сето ова коешто за кратко време е направено во Велес, на тоа што ќе се направи. Дозволете ми да напоменам дека со новиот повик којшто ќе биде објавен преку Министерството за локална самоуправа отприлика нови 6 до 6.5 милиони евра ќе бидат проектите коишто ќе бидат финансирани овде во Велес. Со нетрпение очекувам да го видам изгледот на катната гаража којашто ќе биде овде во центарот на градот бидејќи таа ќе биде навистина преубаво архитектонско дело, нешто коешто го очекуваат велешани, истакна Мицкоски.

Така што еве да продолжиме да се радувам на проекти на убави работи и да ги изненадуваме пријатно граѓаните, да испорачаме повеќе од тоа од што сме ветиле, додаде Мицкоски.