Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Мицкоски го впери прстот во Филипче како еден од функционерите што допринеле за шверцот на марихуаната

Лидерот на СДСМ и екс министер за здравство Венко Филипче е веројтано…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лидерот на СДСМ и екс министер за здравство Венко Филипче е веројтано министерот што ги потпишал правилниците со кои се олеснувало да се произведува марихуана неупотреблива за медицински цели. Премиерот Мицкоски директно впери прст во Венко Филипче дека е дел од владината постава која го поставила системот фалично и допринесе сега полицијата да запленува десетици тони марихуана и да се истражува дали таа била наменета за црниот пазар. Тој вели дека донесен е правилник за да се произведува цвет од канабис од кој не може да се направи масло спремно за извоз. Премиерот прашува кој е мотивот за носењето на овој документ.

„Јасно е кој бил. Во одреден период министер е Венко Филипче. Лиценците за производство се една работа, но, донесен е правилник, подзаконски акт, со кој се дозволува да се произведува цвет од канабис што не ги задоволува ЏМП нормите и биле свесни дека тоа ќе се случи. Ако цветот не ги задоволува нормите, логично е дека со неговото користење во процесот на екстракција, маслото што ќе се произведе нема да може да биде лиценцирано и да се најде во продажба. Тоа им било многу јасно и на тие што го носеле тој правилник. Сега вистинското прашање е кој бил мотивот да се донесе таков правилник ако вие знаете дека не можете да го постигнете квалитетот, за да произведете масло кое ќе се продава на пазарот и ќе ги исполнува нормите“, рече премиерот Христијан Мицкоски.

Најави дека полицијата ќе влегува и во останатите фирми за производство и скалдирање на канабис и дека МВР во моментов проверува и телефони и разговори, а со тоа собираат еден куп докази, кои според Мицкоски ќе откријат голема работа. 40-те тони марихуна е само почеток, според она што го најави премиерот. Тој очекува бројката да стигне до цели 100 тони. 

Реклама

Опозицискиот лидер, пак, Венко Филипче негира негова поврзаност со овој случај. Воопшто се се занимава со запленетата дрога, туку го повторува барањето надлежните да одговорат како 5 – те тони марихуана коишто ги заплени српската полиција завршиле во Крушевац.

„Нема одговор како таа дрога ја поминала границата. Преку сите гранични служби, царина, полиција, кој бил таму надлежен ги гледале ли таму пратките, документите. Четири шлепери се тоа. Се треба да се прави, ако нека се испита што е ова, се треба да се истражи, но власта да одговори на главното прашање. Како 5 тони дрога завршуле во Србија. Тоа е главното прашање“, вели Филипче.

Инаку, од 2017 до 2025-та, над 60 компании за проиводство на медицински канабис извадиле лиценци за работа. Речиси половина од нив не се активни, а останатите произведувале согласно правилниците преку кои го олеснувале производството. Освен тоа што можеле да садат марихуана и од неа да не прават масло за извоз, од 2023 –тата можеле да садат и на ниви.

Досега запленети се 40 тони марихуана. Од тоа, околу 10 тони биле од Скопскиот регион, а околу 30 тони во Струмичко. Станува збор за фирмата Алфафарм“ и струмичката „ЦБД  Медплант.  Истрагата се прошири до македонските фирми откако во Србија беше уапсен Иван Драгниќ , кој се јавува како косопственик во скопската фирма. Струмичката, пак, „ЦБД Медплант“ е во сопственост на Христијан Котев, чиј татко во периодот кога ја отвориле фирмата бил претседател на огранокот на СДСМ во Ново Село.

Владејачката ВМРО ДПМНЕ со денови обвинува дека фирмите за производство на канабис се поврзани со Венко Филипче и семејството Заеви.