Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Мицкоски: го скенираме пазарот и анализираме за колкав најбрз период можат да дојдат помеѓу 100 и 120 автобуси

Владата го анализира пазарот и бара поволни услови за набавка на 100…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата го анализира пазарот и бара поволни услови за набавка на 100 до 120 електрични автобуси со кои ќе се решаваат проблемите во јавниот сообраќај во државата. Премиерот Христијан Мицковски вели дека  ќе се искористат сите механизми при постапката за набавка,  се со цел да не се направи големо оптеретување на државниот буџет. Планот е поголемиот дел од автобусите да бидат наменети за Скопје, но и за другите градови кои имаат организирано јавен сообраќај.  Очекувањата се новите електрични автобуси да бидат во Македонија до  следната летна или есенска сезона.

“Во моментов го скенираме пазарот и анализираме за колкав најбрз период можат да дојдат помеѓу 100 и 120 автобуси, но истовремено и начинот на плаќање да биде со одреден грејс период и на неколку полугодишни рати за да не биде товар на ликвидноста на Буџетот. Потоа тоа, би било пренесено до сите општини кои имаат организиран јавен градски превоз заедно со придружната инфраструктура како што се полначите за електрични автобуси за кои пресметавме дека ќе ни бидат потребни околу 50-тина, изјави Мицкоски”.

Реклама

За проблемот со недостиг на нафта за автобусите на ЈСП и тоталниот колабс на јавниот превоз во Скопје, Мицкоски  вели дека сега на потег е градската администрација, која е доплжна да обезбеди гориво и оти тие како влада која се грижи за граѓаните веќе презеле мерки со кои моментално се надмина проблемот.

-На ЈСП Скопје му дадовме 250 тони нафта на заем. Преку Бирото за јавни набавки е договорено да се проследи барањето на Град Скопје за итна набавка на нафта по пат на преговарање. Сега очекувам да се консолидираат. За се останато доколку ценат дека треба советничката група на ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи, очекувам да бидат повикани и да бидат објаснети политиките на Градот Скопје, порача Мицкоски.

Инаку, проблемот со јавниот сообраќај се одолговлекува подолго време, а чекањето со часови на постојките и несреќите со технички неисправни автобуси се секојдневие за Скопјани. Граѓаните постојано апелираа и се жалеа за хаост, а се бараше и одговорност од градоначалничката Арсовска.

Даниел Ѓорѓевски