Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Македонија

Мицкоски го добил писмото на Ахмети: Времето кога политичарите влијаеа на судството е веќе поминато

Заврши времето кога судии се притискаа да носат одлуки во полза на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заврши времето кога судии се притискаа да носат одлуки во полза на политичарите. Премиерот го прочита писмото на лидерот на ДУИ во кое се пожали дека одлуките на Уставниот суд можеле да предизвикаат меѓуетнички тензии. Христијан Мицкоски вели дека не му паѓа на памет да комуницира со судии и обвинители и се чуди, како тоа – судии кои се избрани од мнозинството СДСМ и ДУИ работеле на исполнување на неговата програма – нешто што беше посочено во писмото од Али Ахмети.

– Го добив писмото, го прочитав. Писмото би го поделил во два дела, првиот дел е геостратешки осврт на состојбата во регионот, вклучително Блискиот Исток и Украина, додека вториот дел е обвинување на уставните судии коишто ги избрало мнозинството на СДСМ и на ДУИ дека спроведуваат програма на ВМРО-ДПМНЕ. Не сум знаел дека овие судии избрани од мнозинството на СДСМ и ДУИ спроведува програма на ВМРО-ДПМНЕ, дека бил загрижен за предметот поврзан со законот за јазици и да сум интервенирал кај уставните судии избрани од СДСМ и ДУИ да внимаваат што прават бидејќи на тој начин можеле да ја дестабилизираат државата. Тоа е писмото, јавноста нека оцени дали тоа заслужува коментар, рече Мицкоски – одговарајќи на новинарски прашања.

Очајнички обид ДУИ да биде претставена како фактор на стабилност се писмата на Али Ахмети, и до премиерот и до меѓународните лидери – сметаат експертите. Според познавачите, дали е прекршен Рамковниот Договор треба да цени одредена институција а не политичка партија. Целата реторика на Ахмети нема логика до толку повеќе што од премиерот бара да влијае на одлуките на Уставниот суд.

Реклама

ДУИ уште не може да се навикне дека е во опозиција. Исто така, тие мислат дека оваа владејачка гарнитура, ќе функционира како што функционираа тие, преку притисоци кон судии, и политичко влијание за судски пресуди, вели политичкиот аналитичар Љуљзим Фаризи.

Во предупредувачко писмо на првиот интегративец Али Ахмети сееше страв дека секое нарушување на меѓуетничките односи би имало сериозни последици – алудирајќи на одлуките за укинување на етничките вработувања и најавените измени во законот за јазици. Тој обвини дека последните одлуки на Уставниот суд веројатно биле само  извршување на програмата на ВМРО-ДПМНЕ, за, како што рече, укинување на клучните механизми за заштита на заедниците.

Откако не успеа планот за дестабилизација, за кој предупредуваше власта, Ахмети доби инспирација да пишува писма. Претходно, се пожали и кај претседателите и премиерите на Косово и Албанија, кај шефицата на ЕК фон дер Лајен, германскиот канцелар Шолц, францускиот претседтел Макрон и државниот секретар на САД, Блинкен, дека биле загрозени историските достигнувања на Албанците во Македонија. Жалби и поплаки од Ахмети слушна и амбасадорот на ОБСЕ.