Реклама

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Прилози

Мицкоски ги свикува газдите на супермаркетите: Ќе бара да не се вивнат цените и притисокот да падне врз граѓаните

Без манипулации на грбот на граѓаните, трговците да не ја злоупотребуваат актуелната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Без манипулации на грбот на граѓаните, трговците да не ја злоупотребуваат актуелната состојба и да не ги зголемат цените на штета на обичниот човек. Премиерот Христијан Мицкоски ќе ги седне на маса газдите и директорите на ланците супер маркети, со цел да не дојде до неоправдано вивнување на цените на сите производи. Очекува фер однос од трговците кон луѓето, за да може и Владата да има фер однос кон нив. Доколку пак се решат на злоупотреби, за возврат ќе добијат владини мерки со цел спречување на поскапувањата.

-Сакам и со нив да поразговарам, да не се користи сега овој притисок да веднаш се зголемат цените и притисокот да се префрли врз потрошувачката кошница на граѓаните, за да не мораме ние како Влада да преземаме друг тип на би рекол офанзивни мерки. Комисијата за заштита на конкуренцијата и дражвниот пазрен инспекторат, ќе го следат однесувањето на трговците на производи на мало и на големо и врз основа на нивното однесување, така и Владата ќе се однесува, изјави Мицкоски.

Мицкоски изрази задоволство и од состојбите со инфлацијата, која според очекувањата оваа година ќе се движи меѓу два и три проенти. Според премиерот добро е што овој сегмент сме најдобри во регионот. Вели преземаат мерки, работат проактивно, со цел да не се дозволат осцилации на штета на граѓаните.

Реклама

-Треба да сториме се што е во наша моќ да ја одржиме ценовната стабилност, имајќи предвид уште еден факт дека цените на мало се 1,6 проценти зголемени, што е под два проценти, 1,5. Тука се оние цени на храна, која што е процесуирана, но и нормална, тука се зеленчукот, овошјето и останатите услуги. Така што задоволен сум од состојбата на базната инфлација, која што успеавме да ја смириме, изјави Мицкоски. 

Државниот завод за статистика ги објави трошоците за живот во месец февруари. Инфлацијата се спушти под 3%, односно е 2,9 и е повторно најниска во регионот, ако се има предвид дека Грција е 3, Бугарија е 3,5, Косово во јануари, 5,8, Хрватска 3,8, а Словачка 4%.

Матеја Петровски