Реклама

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Прилози

Мицкоски: Фокусирани сме на вистински капитални инвестиции кои се гледаат на терен

Капиталните инвестиции во земјава во моментов се работат со неколкукратно покрупни чекори…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Капиталните инвестиции во земјава во моментов се работат со неколкукратно покрупни чекори за да се надомести сето она што претходната власт не го сработила, особено во делот на изградбата на четирите автопати од Коридорите 8 и 10Д, откри денеска во Прилеп, премиерот Христијан Мицкоски.

„Сите капитални инвестиции се реализираат и до следната година во Буџетот се предвидени околу 50 милијарди, 50,5 милијарди денари. Тука не се предвидени оние трансфери кои што шпекулативно претходната ѐвлада ги пријавуваше како капитални инвестиции. Ќе земат 200 милиони, 12-15 милијарди, ќе ги префрлат на некои од јавните претпријатија за да можат да обезбедат ликвидност во тековното работење и тоа го декларираа како  капитални инвестиции. Тоа се трансфери и тоа нема никаква врска со капиталните инвестиции“, – посочи Христијан Мицкоски, претседател на Влада.  

Токму заради ваквите континуирани манипулативни „игранки“ на преходната власт, според Мицкоски, граѓаните се’ досега не можеле да почувствуваат никаков економски бенефит за својот стандард.

Реклама

„До 24 јуни буџетскиот дефицит и реализираните капитални инвестиции беа 3 спрема еден, 18 милијарди на 6 милијарди. Заклучно со месец октомври, буџетскиот дефицит е под 24 милијарди, а капиталните инвестиции се околу 19 милијарди. Значи тие до крајот на годината би требало да се спојат, што претставуваше наша основна задача, бидејќи за тоа што се задолжуваме, тоа да го вложуваме преку капиталните инвестиции за да имаме додадена вредност“, – објаснува Мицкоски.

Според Мицкоски веќе во февруари, следната година ќе биде распишан и новиот оглас за 2025 година за инвестирање во капитални инвестиции на општини, бидејќи како што рече, целта на оваа Влада е да се градат автопати, водоводи, канализации и сл. Што се однесува пак до делот од унгарскиот кредит кој е наменет за бизнисот и за кој сега банките бараат државата да „покрие“ 25 банкарски трошоци, Мицкоски повтори дека кога се земал кредитот тие работеле заедно со банките за тие да не бараат дополнителни трошоци, туку заеднички да го споделат ризикот во интерес на општествената добробит на граѓаните, односно на македонската економија за што веќе бил закажан и нов состанок со бизнисмените и министерката за финансии.

Каролина Дурло