Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Мицкоски: Евреите без не само граѓани, туку и значаен дел од културниот, економскиот и социјалниот живот

Премиерот Христијан Мицкоски преку своето обраќање денеска на одбележувањето 82 години сеќавање…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски преку своето обраќање денеска на одбележувањето 82 години сеќавање на холокаустот на македоснките Евреи, кажа дека собрани сме овде со тешки срца, но со силна одлучност да се потсетиме и да дадеме почит за една од најголемите трагедии во историјата на нашата земја – депортацијата на македонските Евреи во март 1943-тата година.

-Ова не е само ден на тага и сеќавање туку и ден на предупредување, ден во кој ние како народ и човештвото потврдуваме дека никогаш нема да дозволиме историјата да се повтори. Пред Втората светска војна тука живееше динамична, просперитетна и богата еврејска заедница. Евреите без не само граѓани, туку и значаен дел од културниот, економскиот и социјалниот живот во градовите како Скопје, Битола и Штип. Нивното присуство беше дел од нашата историја со векови. Но во една единствена ноќ, во една страшна одлука, тие беа избришани од своите домови, од улиците и животите. Таа година во март, тогашната фашистичка бугарска окупациска власт, во координација со нацистичките власти, наредија апсење и депортација на сите Евреи од тогашната Вардарска Македонија. 7144 мажи, жени и деца беа присилно собрани и одведени во привремениот логор во Скопје во објектот на тогашниот Монопол, рече Мицкоски.