Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Економија

Мицкоски: Економијата забрзува, остануваме на проекциите за раст на БДП од 3,5%

Македонската економија е стабилна. Проекцијата за раст на БДП останува непроменета, Околу 3,5% до крајот на годината. Моментално во првиот квартал македонксата економија порасна за 3,3%. Според овој параметар, Македонија е меѓу првите десет земји во Европа. Според последните податоци на Евростат, растот на Македоската економија е за три пати повисок од кварталниот раст на […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонската економија е стабилна. Проекцијата за раст на БДП останува непроменета, Околу 3,5% до крајот на годината. Моментално во првиот квартал македонксата економија порасна за 3,3%. Според овој параметар, Македонија е меѓу првите десет земји во Европа. Според последните податоци на Евростат, растот на Македоската економија е за три пати повисок од кварталниот раст на ЕУ, кој изнесувал само 1%,. Нашиот раст е пак уште повисок и од растот на Еврозоната кој изнесува 0.8%. Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата останува посветена на одржлива економија со тенденција на забрзување.

„Во однос на БДП претставува еден од најдобрите во Европа во овој момент, колку и да сакаат поединци да ја извртуваат вистината или сатирично да го пренесуваат сето тоа. Но за нив имам лоша вест. Македонија забрзува, Македонија победува и Македонија како многу пати во историјата ќе победи“, изјави Премиерот Хирстијан Мицкоски.

Очекувањата за растот на економијата се должи на низата инфраструктурни проекти. Изградбата на пругата кон Бугарија, автопатите во делот на Коридорот 8 и 10 Д, како и инвестициите во локалната инфрастуктура. На овие проекти се работи со силно темпо, па оттука и оечувањата дека вториот квартал ќе донесе уште подобри резултати. Клучно според Владата е парите за капитални проекти да се трошат според планираното. Во овој процес предничи министерството за транспорт каде реализацијата досега годинава е над очекувањата. За овој процес да стане уште поефикасен, Мицкоски вели дека е потребна релокација на средства што ќе се обезбеди со претстојниот ребаланс на буџетот кој треба да се најде на собраниска седница до крајот на месецов. Од Владата очекуваат и втората половина од годината да продолжи растот и преку зголемените инвестиции во општините. Со ребалансот на буџетот Владата очекува дека и во периодот што следува ќе има пари за нови проекти кои ќе бидат во функција на социјалниот живот на граѓаните на локално ниво.