Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Мицкоски: ДУИ нема да го поддржат Стево Пендаровски иако измеќареше сите овие години

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја коменитраше и одлуката на ДУИ, да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја коменитраше и одлуката на ДУИ, да не го поддржат Стево Пендаровски во вториот круг од претседателските избори, иако сите овие години бил нивен, како што рече, измеќар.

„Мене не ми е јасно, не можам да разберам зошто не го поддржуваат нивниот главен измеќар, Стево Пендаровски. Човекот се утепа од измеќарење и голтање. Ајде во последните години правеа што правеа, ама во последните неколку месеци, човекот на отворена сцена што не направи – коментира Христијан Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ исто така предупреди дека волјата на граѓаните на првиот круг од претседателските избори, била погазена на најмалку 50 избирачки места, бидејќи од ДУИ вршеле огромни притисоци за глас повеќе. Претседателот на партијата Христијан Мицкоски, освен за случајот во Липково, рече дека имале индиции и за избирачки места во Виница, Кочани, Делчево, Берово.

Реклама

Но не само интегративците, партијата вчера објави и дека вицепремиерот Фатмир Битиќи ги условувал компаниите кои добиле државна помош, да гласаат за СДСМ. Мицкоски повика одговорност за овој скандал.

„Јас го повикувам Обвинителството да нема двојни аршини и да постапи исто и со господинот Битиќи. Ако не постапи, тогаш се потврдува нашата теза дека имаме работа со октруирано обвинителство, партизирано обвинителство, но наскоро и тоа ќе го ослободиме. Јас ви гарантирам дека истражните органи ќе отворат истрага за ова што го прави Битиќи. Тој во својство на вицепремиер испраќа писма до компании каде што наведува дека, внимавајте јас како вицепремиер ви дадов пари, а сега треба мене да ме гласате на овие избори. Тоа е кршење на членот 353 од КЗ, односно злоупотреба на службена положба и овластувања за прибавување корист, а таа корист е политичка“, рече Мицкоски.

За тоа дека ДУИ си измисли ново правило – “Без Бадентер нема формирање на влада”, Мицкоски рече дека тоа се должи на очајот бидејќи знаат дека ќе одат во опозиција и ќе одговараат за сторените криминали.