Реклама

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Македонија

Мицкоски: Додека јас ја водам владата вака конципирани уставни измени нема има

Односите меѓу Скопје и Брисел се двонасочна улица но ЕУ треба да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Односите меѓу Скопје и Брисел се двонасочна улица но ЕУ треба да покаже дека е подготвена да разговара за трајно и конечно решение за македонските евроинтеграции тогаш и македонската влада ќе биде подготвена. Премиерот Мицкоски испрати порака дека додека тој е премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ вака конципирани уставни измени нема да има.

Да, нема да има политичка волја додека јас ја водам Владата и додека јас сум претседател на ВМРО-ДПМНЕ, а без ВМРО-ДПМНЕ уставни измени нема да има, тоа треба на сите да им е јасно. Вака како што се конципирани – нема, и нема ни да има. Затоа што јас не сум авантуриста ни егзибициониста во мојот живот, газам на цврста штица и ако носам каква било одлука таа одлука сакам да значи крај на еден процес, а не само почеток. Кога некој во Брисел ќе биде подготвен да разговара со мене за крај на процесот, тогаш јас ќе бидам подготвен, рече Мицкоски оценувајќи ја изјвата на Гаши како интелигентна бидејќи е свесен за реалноста во земјава дека без ВМРО-ДПМНЕ нема уставни измени.

Мицкоски најави уште посилна дипломатска офанзива во 2025 година. Македонија ќе биде главен играч во процесот на изнаоѓање решение прифатливо за сите страни, без да биде жртва на билатерални прашања.

Реклама

Во однос на најголемииот предизвик на Македонија битката против корупцијата и криминалот, Мицкоски вели дека извршната власт си ја завршила работата и дека сега се е во рацете на обвинителството и судството. За екс-вицепремиерот Груби и екс-директорот на ЕСМ Ковачевски, прашање на време е кога ќе одговараат.

„Затоа што знаете, да сте бегалец од правдата не е така едноставен живот, па дури и да го смените континентот. Така што мислам дека таа работа нема така да заврши. Прашање на време е кога овие бегалци од правдата ќе се соочат со истата“, изјави Мицкоски одговорајќи на новинарски прашања на денешната заедничка прес-конференција со министерката за образование Весна Јаневска.

Мицкоски е дециден дека извршната власт ќе продолжи со исто темпо и во 2025 година да се бори против корупцијата и да ги реформира институциите.