Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

Мицкоски до Филипче: Од чие име зборуваш кога велиш не ви се плашиме? Кои се тие кои не се плашат, сите кои се огрешиле пред законот треба да одговараат

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски,  се обрати од  народниот митинг одржан во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски,  се обрати од  народниот митинг одржан во општина Прилеп, во рамки на изборната кампања 2025 која е под слоганот ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, за претстојните локални избори закажани на 19 октомври.

Мицкоски во својот говор се осврна на тезите на Филипче што константно ги повторува на митинзите на СДСM дека не се плашеле и праша од чие име Филипче зборува кога вели не ви се плашиме.

„Во однос на тезите кои ги повторува претседателот на СДСМ, дека не ни се плашеле. Прво да кажам дека тој пристап на прекумерно силење, па како јас сум имал треперлив глас, и така натаму е детски и типичен за луѓе кои се плашат. Иако нема потреба да се плашат ако се чесни како што викаат. Но сакав, да прашам од чие име зборува? Кои е тоа тие кои не се плашат? Јас повикувам на борба против корупција на криминалци, а тој вика не ти се плашиме, со што потсвесно човекот се идентификува со криминалците на кои јас во моите говори се обраќам. И ако не се плаши нека не се плаши но зошто има потреба да раскажува дека не се плаши. Човек да се чуди како промашена кампања води, тој не бил уплашен јас сум бил уплашен. Навистина, некој ќе каже детски работи. Ќе си рече некој човеков хирург, сериозен, навистина стручен во својата област и за почит, ама кога ќе видиме што направил како политичар, и како човек и како другарче на еден познат трговец со државата во Горни Милановац, неговиот ментори и гуру. Не е доволно да си стручен во нешто туку поважно е да си доследен до вредностите кои прават подобро општество. Ти можеш да си најдобар во нешто, но ако си морален и ако си забегал, џабе ти е се. Еве да му кажам најдиректно, бидејќи ме прозива, Секој ќе одговара! Од првиот до последниот секој што се огрешил ќе одговара“ кажа Мицкоски.

Реклама

Мицкоски ги повика граѓаните да гласаат за број 9 на 19 октомври.

„Да покажеме дека времето на празни зборови заврши. Да покажеме дека надежта не е изгубена. Да гласаме за број 9 на 19 октомври“ заклучи Мицкоски.