Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Македонија

Мицкоски до ДУИ: Подгответе се за одговорност, има време кога ќе се подготвуваме за избори

Опозицијата да се подготви за одговорност, а за избори ќе се подготвуваме…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Опозицијата да се подготви за одговорност, а за избори ќе се подготвуваме кога ќе дојде време – премиерот му одговори на лидерот на ДУИ  на повикот за предвремени избори во 2025 година заедно со локалните. Според шефот на владата социјалдемократите се научени само да импровизираат, додека владејачката коалиција има јасна заложба за подобрување на животот на граѓаните, борба против криминалот и корупцијата и подигнување на стандардот. Што се однесува до интегративците Христијан Мицкоски е дециден дека тие се исплашени од казните кои ќе следат за сите сторени криминали во минатото.

Целта беше да излезат на површина сите оние лажни лица кои ги има во опозицијата. Кога ќе треба да се покаже таа храброст, се кријат. Одговорот што дојде од СДСМ, тие практично како политичка партија се научени само да импровизираат, а не да направат нешто за граѓаните. Повеќе од 600 илјади граѓани застанаа зад оваа коалиција а наша работа е да го дадеме она што го очекуваат граганите од нас. Разбирам дека раководството на ДУИ не сака да биде во опозицијата. Бидејки ја чувствуваат заложбата на Владата за борба против криминал и корупција. Мојата порака до нив е да де подготват за одговорност а за избори ќе се подготвуваме кога ќе дојде време, рече Мицкоски.

Оваа реторика доаѓа по првите пратенички прашања за новата влада, кога претседателот на СДСМ Венко Филипче побара оставка од премиерот. Тој му возврати дека ако се толку сигурни во победа, да одат на избори во 2025 година – но после, да нема каење.

Реклама

На ова Али Ахмети, кој воопшто не се појави на пратеничките прашања во четвртокот,  реагираше дека го прифаќал предвремеми избори до година, и со неговиот добро познат речник завиен во суптилни закани, му порача на Мицкоски добро да се подготвел.

ДУИ не може да се помири со одењето во опозиција по две децении на власт. Откако власта го проби нивниот план за дестабилизација, сега на различни начини се обидуваат да ги покажат револтот и разочарувањата. За ноември најавија протести, но се уште нема ништо конкретно за овој план. Претходно пак, Али Ахмети испрати писмо до повеќе меѓународни лидери во кое се пожали за наводно прекршување на Охридскиот рамковен договор. Му испрати писмо и до Мицкоски, адресирано до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, но не и до премиерот во кое се пожали за укинатиот балансер и оспорениот закон за јазици.