Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Економија

Мицкоски: Дел од синдикалните организации се сериозно исполитизирани и навлезени во политичкото мочуриште што го креира опозицијата

Премиерот Христијан Мицкоски денеска  ја повика јавноста на внимателност во однос на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски денеска  ја повика јавноста на внимателност во однос на пораките кои доаѓаат од синдикалните организации обвинувајќи за нивна политизираност, нагласувајќи дека Владата го почитува Законот за минимална плата, а доколку дојде до консензус на бипартитниот договор меѓу работниците и работодавачите ќе го поддржат.

Одговарајќи на новинарско прашање за најавениот протест в сабота од страна на ССМ, повтори дека Владата го почитува Законот и оти минималната плата ќе надмине 26.000 денари.

– А доколку оној бипартитен дијалог меѓу работниците и работодавачите дојде до било каков консензус тогаш ние како Влада сме тука да го поддржиме, да работиме заедно со нив и да продолжиме понатаму. Но, треба да сме многу внимателни, јас тоа го кажав многу пати во минатото, неколкумина од раководството од оваа синдикална организација се сериозно исполитизирани, длабоко навлезени во политичкото мочуриште што го креира опозицијата, рече Мицкоски. 

Реклама

Според него, тие ја манипулираат јавноста со т.н. минимална потрошувачка кошница, така што еден од авторите кажал дека тоа во суштина не била минимална, туку просечна потрошувачка кошница изработена од синдикатот. 

– Ја замолувам јавноста со внимание да ги следи пораките кои што доаѓаат од овие неколкумина кои еднаш се сликаат со мене при потпишување колективен договор, мислам на синдикалната организација УПОЗ и ја фалат Владата за политиките, за потоа, следниот ден, да ги гледаме на улиците како го блокираат сообраќајот и ги тормозат скопјани и останатите граѓани кои тој ден се затекнати во сообраќајниот хаос во Скопје. Повикувам на внимателност затоа што станува збор за сериозни фамилијарни стебла кои што се длабоко навлезени во еден политички талог, во едно политичко мочуриште и нормално дека ќе излегуваат во јавноста со теми – ако сега се 600 евра минимална плата за некое време и 800 евра ќе бараат минимална плата, па можеби и 1.000 евра. Ние како Влада тука сме немоќни. Треба бипартитниот дијалог меѓу работниците и работодавачите да заврши, така што адресата пред Владата е погрешна, изјави Мицкоски.