Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Мицкоски: Да не влегуваме во замката да бидеме вовлечени во предизборната реторика во Бугарија

„Ако сакате да не видите внатре, има начин“. Премиерот Христијан Мицкоски од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Ако сакате да не видите внатре, има начин“. Премиерот Христијан Мицкоски од престолнината на Хрватска, земја членка на Европската Унија, испрати порака до европските челници дека Македонија заслужува поддршка за почеток на преговори и членство во Европската унија.  Мицкоски предупреди дека Македонија и покрај тоа што направи премногу, и сега е повторно соочена со предизвици како што е непринципиелниот однос на соседите, и лажната надеж која ни ја даваше ЕУ, во контекстот „направете го уште ова и готово“.

Јас и вчера кажав и денеска ќе повторам, доколку има расположение има и начин, тоа е позната изрека која што ја кажале многу поискусни политичари од мене и доколку навистина сакаат како што тоа го кажуваат да не’ видат внатре, тогаш има начин, изјави Мицкоски.

Премиерот очекува се посилни провокаци од Бугарија, затоа што политичарите таму пред изборите сакаат да го искористат македонското прашање во нивната кампања. Повика, сите во Македонија да бидат внимателни и да не потпаѓаат на провокациите.

Реклама

Знаете, после многу перипетии таму се закажани седмите по ред избори во последните три години на 29 октомври чинам дека беа и тамошните политичари ќе сторат се’ за да не’ внесат во нивната предизборна реторика и на тој начин да предизвикаат реакција од наша страна со која што ќе се обидат да не’ портретираат кај нашите пријатели во меѓународната заедница дека ние сме тие палавите, дека ние сме тие лошите, дека тие се добрите и дека на тој начин практично ние создаваме кавга, немир, рече Мицкоски во интервју за МИА.

Откако премиерот Христијан Мицкоски испрати порака дека е подготвен да разговара за решавање на билатералните прашања кога во Бугарија ќе се формира стабилна политичка влада, бугарското МНР остро реагираше дека Македонија се оддалечувала од евроинтеграциите.

Мицкоски во рамки на негвата прва официјална посета на Хрватска се сретна со неговиот колега Андреј Пленковиќ кој рече дека ја разбира фрустрацијата кај македонските граѓани поради предолгото чекање за влез во Унијата. Смета дека отворените прашања со кои Македонија се судира на тој пат се неправедни кон македонскиот народ и неговиот идентитет.

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ пак, на средбата со Мицкоски истакна дека Европската Унија е нечесна и неискрена кон Македонија, но ја потврди силната подршка од Загреб за Скопје.