Реклама

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Македонија

Мицкоски: Благодарност до здравствените работници за нивната пожртвуваност, се прават натчовечки напори да се спасат сите пациенти

„Добар ден од мене, немам што да додадам од ова што го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Добар ден од мене, немам што да додадам од ова што го кажа министерот. Јас сакам само уште еднаш да се заблагодарам на луѓето кои што го примија овој прв бран кој што вчера сите нас не шокираше после оној ужасен настан што се случи во Кочани. 

Да им се заблагодарам на здравствените работници за пожртвуваноста која што ја манифестираат, да се заблагодарам на соседите и на сите земји кои што излегоа во пресрет и прифатија дел од пациентите, на оние кои што испратија свои медицински тимови овде кај нас во Македонија. 

Борбата ќе продолжи и во деновите кои што следат. Министерот напомена дека сите оние кои што биле во или околу објектот на овој ужасен настан да се пријават на лекар и да побараат медицинска помош, затоа што може да има ефекти после неколку дена. 

Реклама

Така што да следиме како ќе се развива состојбата, се прават натчовечки напори за да бидат сите пациенти стабилни и да си отидат дома во полна здравствена кондиција и состојба.

Така што јас уште еднаш сосема на крај, да ви кажам дека како Влада остануваме фокусирани, сега во 14 часот имаме повторно состанок во рамките на владата кај мене, за активностите кои што следат. Потоа во 17 часот имам уште еден таков состанок, така што тоа што го кажуваме, тоа и ќе го правиме во периодот кој што следи.

Благодарност до сите кои што се хумани, сакаат да помогнат. После денешниот состанок ќе има и начин како таа помош може да се канализира, сметка за донации итн. Така што јавноста благовремено ќе биде информирана за чекорите кои што ќе следуваат.“