Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Мицкоски: Безбедносната состојба во земјата е стабилна

Безбедносната состојба во земјата е стабилна – изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Безбедносната состојба во земјата е стабилна – изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања за тоа каква е безбедносната состојба со оглед на случувањата на Блискиот Исток.

– Безбедносната состојба е стабилна, без да има одредени осцилации, апсолутно ја имаме под контрола безбедносната состојба. Се разбра, предизвици има и ќе има, тоа е жива и динамична материја, но ние сме тука да ја следиме и да реагираме доколку има потреба од тоа – изјави Мицкоски.

Премиерот денеска присуствуваше во касарната „Страшо Пинџур“ во скопски Петровец, каде што беа претставени 17 нови лесни оклопни возила „страјкер“ (stryker), набавени од Соединетите Американски Држави. 

Реклама

На презентацијата беа и министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, заменик-шефот на Мисијата на Амбасадата на САД, Никол Варнс, и командантите на Командата за операции и првата пешадиска бригада.