Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Мицкоски: Безбедносната состојба е стабилна, се разгледуваат мерки за справување со можните економски предизвици

Безбедносната состојба во земјата е стабилна, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски кој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Безбедносната состојба во земјата е стабилна, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски кој беше во посета на компанијара „Актив“ во Штип. 

– Безбедносната состојба во државата е стабилна, мирна. До овој момент не постои ризик по безбедносната состојба во државата. Ние имавме Совет за безбедност, кој го организираше претседателката врз основа на информациите коишто ги добивме и од службите, но и од соодветните министерства, тука пред се мислам на министерствата за одбрана и за внатрешни работи и врз основа на тие податоци во овој момент можам да кажам дека безбедносната состојба е стабилна. Можеби со тек на време ќе имаме одредени економски предизвици, повеќе тука мислам на цената на енергенсите на нафтата и гасот, повеќе на нафтата бидејќи ние немаме премногу голема зависност за гасот. Завршува грејната сезона, така што од тој аспект, а и македонската индустрија нема развиено прилично голема мрежа на гасот, но од нафетната индустрија ќе имаме одредени притисоци. Ќе треба да се зголемува цената, но и тука разгледуваме со Министерството за финансии да намалиме во делот на акцизата, во делот на даноците, да видиме кои се нашите можности за да го намалиме ударот врз стандардот на граѓаните, изјави премиерот Мицкоски.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија организира превоз за македонските граѓани кои што сакаат да се вратат од земјите кои се погодени со воените дејствија.

Реклама

– Веќе сме во завршна фаза. Мислам дека од денеска ќе почне евакуацијата така што од денеска сме апсолутно во насока на обезбедување на се она кое што е потребно за нормално функционирање како на институциите така и безбедно враќање на нашите граѓани кои сакаат да си дојдат дома, рече Мицкоски.  

Посочи дека од Бахреин, Катар и Обединетите Арапски Емирати веќе има обезбедено превоз и тоа ќе биде на товар на државата. 

– Дел од оние кои се од Израел и околните земји исто така што секој оној кој е во регионот каде што има воени дејствија само нека ги следи соопштенијата на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, рече Мицкоски.

Како што претходно денеска соопшти МНРиМТ, во попладневните часови со владиниот авион се очекува од Израел кон Скопје да полетаат македонските граѓани кои побарале евакуација. Со тоа целосно ќе заврши евакуацијата на македонските државјани од Израел. 

Во останатите подрачја погодени од воениот конфликт до денес 505 македонски граѓани се обратиле до Амбасадата во Абу Даби, 31 лице во Кувајт, 14 лица во Бахреин и 141 лице во Доха.

– Во следните денови се очекува да започне реализацијата на враќањето на македонските државјани од Обединетите Арапски Емирати, како и на граѓаните кои се наоѓаат во Катар, Бахреин и Кувајт, за кои е предвидено враќање со организирани летови преку Кралството Саудиска Арабија. Процесот на евакуација се реализира согласно веќе разработен план, во согласност со безбедносните услови и во координација со надлежните институции, информира ресорното Министерство.

Оттаму ги викаат сите македонски државјани кои сè уште не стапиле во контакт со надлежните дипломатско-конзуларни претставништва, а имаат потреба од асистенција, да го сторат тоа во најкраток можен рок преку дежурните телефонски броеви во дипломатско-конзуларните претставништва или преку СОС-бројот на МНРиНТ.