Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Мицкоски бара објаснување од МВР и АНБ за безбедносната проценка за Груби

Премиерот Христијан Мицкоски побарал објаснување од Министерството за внатрешни работи и од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски побарал објаснување од Министерството за внатрешни работи и од Агенцијата за национална безбедност зошто е проценето дека безбедноста на поранешниот вицепремиер Артан Груби била загрозена додека бил во Истражниот затвор „Скопје“, откако тој се предаде на полицијата по повеќе од една година бегство.

Во телевизиско гостување Мицкоски наведе дека одговорот кој го добил од двете институции е дека проценките се „класифицирани, строго доверливи документи“, што значи дека тие не можат да ги објават или да им ги дадат на други институции, вклучително и на директорот на затворот.
Тој потенцираше дека тоа што Груби сега е во куќен притвор, а не во строг притвор или ефективен затвор, не значи дека оваа мерка е конечна.

„Мерките ги одредуваат обвинителството и судот врз основа на факти… таа одлука може да се менува или надградува“ рече Мицкоски.

Реклама

Премиерот Мицкоски, исто така, коментираше дека има чувство оти многу граѓани се загрижени околу случајот, што, според него, предизвикува немир и во политичкиот живот.

Прашањето за Мицкоски уследи откако Јавното обвинителство на Македонија, одговарајќи на реакциите во јавноста што ги предизвика одлуката Артан Груби да биде во куќен притвор, соопшти дека МВР и АНБ процениле дека во притворското одделение не може да се гарантира неговата безбедност.