Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

Мицкоски: Ќе ги зголемиме минималните плати според законското решение

За минималната плата нашиот став е јасен – да, ќе ги зголемиме…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За минималната плата нашиот став е јасен – да, ќе ги зголемиме минималните плати соодветно на законското решение, а ако постигнат договор меѓу себе работодавачите и работниците, ние ќе го поддржиме и ќе поздравиме. Но, тогаш ќе треба да го нивелираме и овој договор, што го имаме сега, со овие две гранки, зашто тогаш во пресметката, во методологијата, усогласувањето со минималната плата ќе дојде премногу големо, зголемено за одреден процент, а тие пари во Буџетот ние ги немаме, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски по постигнатиот договор со УПОЗ и САДУ, според кој, околу 11 000 административци ќе земат покачување на платите од скоро 40 отсто до 2028 година.

Одговорајќи на новинарски прашања, Мицкоски повтори дека за Владата е неприфатлив предлогот државата одреден период да ги финансира придонесите на работодавачите за тие да ја зголемат минималната плата.

-Нема да дозволиме таков начин на нарушување на пазарот на труд. Ние дадовме 250 милиони евра субвенционирани заеми за бизнисот, со камата од 1,95 отсто, не ги зголемуваме даноците, не ја зголемуваме старосната граница за одење во пензија. Оваа Влада веќе има многу направено за бизнисот и економијата, плус Програмата за поддршка на инвестициите – тука исплаќаме огромни средства на годишно ниво. Ние како Влада доволно сме поддржале креирање нови работни места. Преку Министерството за економија имаме повторно Програма за самовработување и тука се трошат околу 45 – 50 милиона евра годишно. Кога сето ова ќе се анализира, ќе видите дека ние многу повеќе финансираме и многу повеќе го поддржуваме бизнисот, објасни Мицкоски.  

Реклама

Во врска со платите на функционерите, премиерот напомена дека коефициентите ќе се корегираат согласно законот, до крајот на февруари.

-Ние го нивелиравме тој коефициент минатата година, ќе го нивелираме и оваа и додека сме Влада ќе го нивелираме поради една причина – зашто имаме поинакви морални вредности. Не можеме да ги замрзнеме зашто повторно ќе имаме одлука на Уставен суд што ќе биде во насока на таа претходната, но можеме да ги намалиме и тоа ќе го направиме. Тоа ќе повлече нови судски процеси кои ги прават сега судиите и обвинителите, бидејќи и тие спаѓаат во тие коефициенти. но не може се да биде иделано. Што се однесува до одлуката на Уставниот суд во времето на владата на СДСМ и ДУИ  и уставните судии што ја донесоа таа одлука, тие беа со сосема поинаков карактер и добро е ним да им го поставите ова прашање, не би сакал во нивно име да зборувам, истакна Мицкоски.