Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

Мицскоски: Избори кон средината на јули со здравствени протоколи и мисија на ОБСЕ

Избори кон средината на јули, но со изготвени здравствени протоколи за заштита…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Избори кон средината на јули, но со изготвени здравствени протоколи за заштита на здравјето на граѓаните како и мисија на ОБСЕ, ова е понудата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, за народно изјаснување.
5ти и 8ми јули за опозицијата се неприфатливи датуми,оти треба да се прецизираат протоколи, но и да пристигне меѓународната мисија. Мицкоски нагласи дека кампањата за избори може да започне откако ќе пристигне мисијата на ОБСЕ за да имаме кредибилен и легитимен изборен процес.

Конкурсот е отворен и завршува на 16 ти во вторник, и доколку се пријават луѓе кои што се конкурентни тогаш најрано што тие можат да испратат во Македонија според дописот кој што го испратија е 19 јуни, тоа е петок. Што значи дека 5 и 8 јули не се опција за одржување на изборите. Имајќи го тоа во предвид, имајќи го предвид барањето на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ присуството на ОБСЕ и ОДИХР да биде во Македонија ден пред да почне кампањата, овие два датума за ВМРО-ДПМНЕ и за Коалицијата „За обнова на Македонија“ не се прифатливи.

Првиот човек на ВМРО ДПМНЕ, го повика шефот на државата Пендароски да ја продолжи вонредната состојба.

Реклама

Ти сакаш и претендираше да бидеш татко на сите граѓани, имаш време денеска до крајот на денот да ја продолжиш вонредната состојба. А зошто да ја продолжиш вонредната состојба? Затоа што ВМРО-ДПМНЕ има два услови и тоа се, најпрво да изработиме протоколи со кои што ќе го заштитиме здравјето на граѓаните. Знам дека и тебе ти е тоа приоритет. Од ова кратко време кое што имав можност да те запознаам господине Стево Пендаровски знам дека ти е и тебе тоа приоритет. Да изработиме протоколи со кои што ќе го заштитиме здравјето на граѓаните и втората работа да имаме фер, демократски, инклузивни избори во оваа држава.

Од кабинетот на Претседателот пак информираат дека одлука за вонредна ќе се донесе ако партиите меѓусебно се договорат.

Ставот на претседателот Стево Пендаровски и е познат на јавноста. Претседателот е подготвен да донесе нова одлука за прогласување на вонредна состојба на територијата на цела држава, само доколку претходно биде постигнат меѓупартиски договор на сите политички субјекти за датум на предвремените парламентарни избори, заради создавање на правна рамка за нивно непречено организирање и спроведување, велат од кабинетот.
По прес-конференцијата на Мицкоски, Заев се огласи на фејсбук, избори да има на 5ти јули.

Датумот за изборите не е и не може да биде ниту партиска ниту лична желба, тој е одреден од уставот и законите…. Сите законски и уставни услови за одржување на изборите се исполнети. ДИК како извршно тело има обврска да ги спроведе изборите кои по закон и устав се на 5 јули. За непостапување по законите следува одговорност.

Во меѓувреме дел од членовите на Државната изборна комисија бараа денеска да се одржи седница, оти завршила вонредната состојба. Претседателот на ДИК Дерковски вели дека ќе постапува по изборниот законик и ќе го чека решението од претседателот на Собранието со датум за избори. Од Претседателот на Собранието пак Талат Џафери се уште нема одговор дали и кога би го преиначил решението за распишување на изборите.

Мери Ѓорѓиевска