Реклама

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Македонија

Мицкоски за оризопроизводителите: Планираме директна поддршка од околу осум денари по килограм предадена оризова арпа

Владата планира директна поддршка од околу осум денари по килограм предадена оризова…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата планира директна поддршка од околу осум денари по килограм предадена оризова арпа за периодот од 1 септември 2025 до 15 септември 2026 година – соопшти денеска од општина Чешиново-Облешево, премиерот Христијан Мицкоски.

Тој посочи дека ​дел од средствата веќе се обезбедени во интервентниот фонд на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а дел ќе бидат дообезбедени со ребалансот на буџетот.

– Тоа се отприлика стотина милиони денари што ги обезбедува Владата, коишто ќе бидат исплатени до крајот на оваа година, по завршувањето и усвојувањето на ребалансот во Собранието. Но, ја користам и оваа порака, мислам и оваа посета овде во Чешиново- Облешево, да упатиме јасна порака и до откупувачите дека треба да се однесуваат фер, како што и Владата се однесува и како што граѓаните и оризопроизводителите се однесуваат фер кон нив, затоа што ова е двонасочна улица, не би сакале да веруваме во шпекулативно однесување на поединци, затоа што тоа ќе биде ригорозно казнето – рече Мицкоски. 

Реклама

Инаку, во тек е жетвата на оризот во неколку општини во Источниот Регион и оваа година оризопроизводителите имаа вода за да ги наполнат нивите под ориз со вода.