Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, во своето обраќање пред Обединетите Нации, се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, во своето обраќање пред Обединетите Нации, се осврна и на примерот на македонската независност, кога со помош на превентивна мировна мисија на  ОН, беше спречено можно ширење на балканските војни на југ. Затоа, според Мицкоски, потребно е организацијата на ОН да се реформира и да остане релевантна, за да може и во иднина да спречува и потенцијални конфликти низ светот.

– Затоа Обединетите нации се важни. Не затоа што можат да го решат секој конфликт. Очигледно, не можат. Не затоа што секоја резолуција се спроведува. Очигледно, тоа не е секогаш случај. Но тоа не треба да нѐ обесхрабри. Треба да ја зајакне нашата решеност да ги заштитиме Обединетите нации и правилата врз кои се засновани, и да се залагаме за мултилатерализам втемелен врз вредности, заемна почит и правила. Зашто свет без место каде што сите држави, без оглед на нивната големина, можат да седнат под ист покрив и да се повикаат на истите принципи би бил уште поопасен од светот што го гледаме денес – рече Мицкоски.

Премиерот воедно се наврати на темата на непочитување на правилата и принципите, кои важат за помалите држави, но не секогаш и за поголемите.

Реклама

– Во 1954 година, Даг Хамаршелд нѐ потсети на една мисла: Обединетите нации не се создадени за да нѐ одведат во рајот, туку за да нѐ спасат од пеколот. Седум децении подоцна, важно е да ја разбереме суштината на таа изјава. Од Обединетите нации не треба да бараме совршенство. Треба да бараме да бидат делотворни. Да имаат способност да спречуваат и да посредуваат. Способност да го штитат човечкото достоинство. И, конечно, способност да ги одбранат принципите дури и кога нивната примена е политички незгодна. Денес довербата во меѓународниот систем е загрозена токму затоа што премногу луѓе оправдано чувствуваат дека правилата не важат еднакво за сите. Дека моќта понекогаш има предност пред принципот. Дека обврските се условни. Дека договорите траат само додека интересите остануваат непроменети. За малите држави, ова е особено опасен свет – пораќа премиерот Мицкоски во обраќањето пред Генералното собрание на ОН.