Реклама

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Македонија

Мицкоски: Фон дер Лајен ја оцени како инспиративна работата на Владата во реформите и патот за ЕУ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска оцени дека посетата и средбата со претседателката на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски денеска оцени дека посетата и средбата со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, биле исклучително квалитетни, содржајни и пријателски демантирајќи ги, како што рече, толкувањата на опозицијата и на одредени медиуми блиски до опозицијата дека изразил незадоволство од нејзините пораки или од застојот на патот кон ЕУ.

– Видете, јас тоа го слушнав од опозицијата и од одредени медиуми блиски до опозицијата. Мислам дека не само што не ја говорат вистината, туку и се обидуваат сега и да ја искривуваат вистината. Јас, напротив, кажав дека имавме исклучително квалитетен, содржаен, пријателски состанок и дека сето она што во иднина претставува лична посветеност и посветеност на Европската Унија нè мотивира да продолжиме по патот на реформите и така и ќе продолжиме во периодот што следува – истакна Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на општина Теарце, каде што денеска присуствуваше на пуштање во употреба детска градинка. 

Тој нагласи дека претседателката на Европската комисија укажала на инспиративната работа на Владата во однос на реформите и евроинтегративниот процес.

Реклама

– Јас само ќе кажам дека претседателката Фон дер Лајен како никогаш досега рече дека оваа Влада прави инспиративна работа за реформите и за сето она што е посветено на приклучување на државата кон Европската Унија. Така што, јас очекувам дека во периодот што следува, конечно, ќе можеме сите ние да го интензивираме овој процес и да најдеме решение од ситуацијата во која се наоѓаме – нагласи премиерот.

Во однос на конкретната средба со бугарската страна, премиерот повтори, по совет од претседателката на Европската комисија, дека Министерството за надворешни работи и надворешна трговија побарало средба, но сè уште нема одговор.

– Што се однесува до разговорот, јас ќе повторам, добив совет од страна на претседателката на Европската комисија, кој го прифатив. Го замоливме министерот за надворешни работи и надворешна трговија да побара средба, тој тоа го направи. Сè уште немаме одговор, коаг ќе добиеме, тогаш повеќе ќе можеме да коментираме – изјави Мицкоски.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: