Реклама

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Македонија

Метју Лосон: Половина од нашите инвестиции во целиот Западен Балкан се во Македонија

За стратешкото партнерство и Спогодбата помеѓу владите – што значи за односите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За стратешкото партнерство и Спогодбата помеѓу владите – што значи за односите помеѓу Британија и Македонија во последното интервју свое видување даде Британискиот амбасадор во Република Македонија Метју Лосон.

-Мислам дека ове е навистина историски момент во нашите билатерални односи меѓу Британија и Македонија. Како што слушнавте од премиерите ние објавивме стратешко партнерство во рамки на кое се потпишува и договор Влада со Влада кој ги поставува условите за поголема трговска размена од Велика Британија во земјава, истакна амбасадорот Лосон.

Тој истакна дека, причината поради која го правиме ова е тоа што со Вас имаме Дговор за трговија потпишан пред 5 години, но на двете страни постоеше мислење дека е погодно време да се постигне Стратешкото партнерство за сета добра работа која ја работиме и да се направи дополнителен исчелкор.

Реклама

-Она што граѓаните ќе го видат е уште поблиска соработка со Велика Британија за значајни прашања, како НАТО партнери ги тренираме вашите вооружени сили за заедничко учество во НАТО, имаме фантастична соработка на сите полиња од глобални теми до надворешна политика, министерката за образование ќе биде во Лондон оваа недела на Светскиот образовен форум, па гледаме можност за соработка во образованието, културата, и секако продлабочување на нашата соработка во борбата со организираниот криминал и миграцијата, изјави Метју Лосон.

-Навистина, еве најдоброто го оставам за крај, како ваш втор најголем инвеститор, според вашите податоци, околу половина од нашите инвестиции во целиот Западен Балкан се во Македонија и ова е дел од договорот Влада со Влада за забрзан чекор и продлабочување на веќе воспоставеното економско и трговско партнерство. Ние како Велика Британија сме слободна трговска нација и мислиме дека ова ќе даде импулс – работиме многу напорно за формирање на Британска бизнис асоцијација, имаме фантастична листа на бизниси тука кои веќе инвестирале и кои сакаат да ја продлабочат нашата врска, изјави Лосон.

Договорот Влада со Влада кој ќе го потпишеме оваа недела во Велика Британија е дел од тоа пошироко партнерство и се надеваме дека ова дополнително ќе даде поттик за инвестирање на стотици милони фунти од значење за британската економија и стотици милиони фунти од значење за вашата економија за кои сум сигурен дека граѓаните ќе ги видат, потенцира амбасадорот Лосон.