Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Економија

Метеж на бензиските станици, граѓаните се борат да наточат гориво по „стара“ цена

Бензиските станици се преполни со возила. Граѓаните чекаат ред да наполнат гориво…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бензиските станици се преполни со возила. Граѓаните чекаат ред да наполнат гориво по поефтина цена. Во текот на денот на неколку бензиски станици имаше недостиг на гориво поради зголемена побарувачка на енергенси.

Од Државниот Пазарен Инспекторат истакнаа дека тие се на терен. Прават контрола на безниските станици. Во последните 4 дена имаат направено над 250 инспекциски контроли, а забележани се проблеми кај само 10% од контролираните бензиски станици. Имало застој поради недостиг на гориво. Веднаш штом се наполнат пумпите, тие продолжувале со работа. Прекинот траел помеѓу два и четири часа.

Според информациите, во текот на денот на неколку пумпи низ државата имало подолг прекин при точење на гориво, поради трошење на залихите. Но, веднаш штом се надополниле со гориво истите продолжувале со работа.

Реклама

Од полноќ, очекувано бензинот и дизелот поскапуваат поради војната на Блискиот Исток.