Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Економија

Метеж пред УЈП, редици граѓани не завршуваат работа и по неколку денови чекање

Огромен метеж пред Управата за јавни приходи. Редици од луѓе со маски,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Огромен метеж пред Управата за јавни приходи. Редици од луѓе со маски, но без држење соодветна дистанца од другите можеа да се забележат пред административната зграда. Револтирани граѓани и претставници на фирми чекаат со часови, а некои и по неколку дена не можат да завршат работа. Реагираат дека за одредени процедури кои можат да се реализираат електронски, се принудени да доаѓаат на шалтер. Се дополнува документација за помош за исплата на плати, за детски додаток, за ситни административни работи. Револтирани се бидејќи некои фирми со врски завршуваат навреме, а други се принудени да чекаат. Алармираат дека здравствените протоколи не се почитуваат. Документите се оставаат и подигаат од кутија поставена пред влезот во која илјадници раце ги фаќаат хартиите.

„Имам некоја блокада во банка, не знам зошто е, па да прашам. Што да ви кажам, не одам често по служби на институции и не знам“

„Па, еве, половина час чекаме. За изјава за детски додаток чекам. Сега внатре има пауза“

Реклама

„Дојдов, ми кажаа дека ќе биде за половина час готово. За секој случај, дојдов за 45 минути. Ми кажаа дека не е готово. Ги собраа кутиите, влегоа внатре. Не пишува ниту кога им е работно време, пауза, заминаа, собраа. Во меѓувреме дојде човек, го поднесе пликото додека чекав и за 3 минути му го вратија, му беше готово“

Институциите поради корона вирусот работат со помалку работници. Министерот за администрација Манчевски тврди дека протоколите за заштита на здравјето се почитуваат во јавниот сектор. Неговата дополнителна заменичка Невенка Стаменковска, пак, предупредува дека илјадници животи на вработените во јавниот сектор се доведени во ризик и дека треба да се санкционираат сите административци кои не носат маски, не одржуваат хигиена и ги загрозуваат нивните колеги и клиенти.

Тања Попова